Нема демократија без сексуална еднаквост:
„Без дефинирање јасна платформа и без изградба на широка коалиција помеѓу државните органи и невладините организации што се борат за еднаквост, владината политика за борба против сите форми на дискриминација ќе остане само декларативна желба пред меѓународните фактори. Најдобар начин за убедување на земјите-членки на ЕУ дека над 90 отсто од нашите граѓани се за влез во ЕУ е итното донесување на законот за антидискриминација и на законот за регистрирани партнерства и дефинирање државна политика за борба против дискриминацијата и хомофобијата.“
Ова го напишав лани, ама сеуште е актуелно поради комплетниот застој во сферата на борбата за елиминирање на дискриминацијата, што е практично застој и во процесот на интеграција во ЕУ.
На истата тема зборував и на работилницата за Родови и сексуални политики, а вчера имав и презентација на форумот Како против дискриминација и социјално исклучување, но за тоа поконкретно во некој од наредните постови.
0 коментари:
Објави коментар