Доброволен групен секс во училница?

2/05/2007

Што вика една експертка, во врска со случајот „порно-клипови“:

- Прашањето е дали малолетниците се снимале доброволно или не. Ако е доброволно, нема место за кривична одговорност, бидејќи секој може да снима што сака.“ (Се обложувале дека можат да имаат орален секс во училиштето!)

Но, што вика законот:

„Тој којшто пред друг врши полово дејство на јавно место, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“ (чл. 190 од КЗ)

Во законот нема „доброволно“ или не. Значи, се поставуваат две прашања:

1. Дали оралниот секс е „полово дејство“?

2. Дали училницата е „јавно место“?

Се надевам дека немаме толкави почитувачи на ликот и делото на Бил Клинтон кои ќе ја застапуваат тезата дека оралниот секс не е „полово дејство“.

Што се однесува до тоа дали училницата е „јавно место“, иако училниците не се експлицитно споменати во чл. 3 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (каде што се дефинира "јавно место"), во истиот член е наведено дека „ако последицата настапила на јавно место“ ќе се смета и дека прекршокот настапил на јавно место. Ако се прифати ваквото толкување на „јавно место“ и за споменатото кривично дело, тогаш има основи за сомневање дека е сторено кривично дело.

Да повторам, прашањето дали малолетниците се снимале доброволно или не е сосема друго прашање од прашањето дали можат да вршат „полово дејство на јавно место“!

Некој може да тврди дека цитираниот член важи само за егзибиционисти.

Дури и да е така (иако во законот не го пишува тоа), дали тоа значи дека ученици-егзибиционисти („дркаџии“) слободно можат да изведуваат егзибиционистички акти во училниците?

Ако го прифатиме експертското толкување - „Ако е доброволно, нема место за кривична одговорност - тогаш учениците можат да имаат доброволно и групен секс во училница, и притоа да си се снимаат „бидејќи секој може да снима што сака“!

Што се однесува до клипот, ако се докаже, на пример, дека некој го експлоатира на порно сајт, тогаш има основи за сомнение дека е сторено кривично дело злоупотреба на малолетно лице „за изработување на аудиовизуелни слики или други предмети со порнографска содржина или за порнографска претстава“ (за што следи парична казна или затвор до три години, според чл.193 од КЗ).

Со оглед на тоа дека најверојатно станува збор за постари малолетници, а за споменатите кривичните дела не е пропишана казна потешка од пет години затвор (чл. 86 од КЗ), во случајот би се изрекле само воспитни мерки - доколку судот ја утврди вината.

Што мислите - кој е одговорен и кој треба да се казни за тоа што учениците не ги познаваат одредбите од кривичниот законик?

Кој е одговорен за тоа што средношколците не ги познаваат своите сексуални права и одговорности?

6 коментари:

Анонимен рече...

Klipot odigra ushte edna uloga - uchenicite sega pomalku begaat od chasovi oti nikoj ne saka da propushti takov nastan :)

А заедно со „експертското“ толкување може да одигра уште неколку улоги:
1) егзибиционистите да се префрлат од небезбедните паркови („јавни места“) во училниците како најбезбедни места за јавно сексуално општење. :)
2) развој на кино-културата (отворање порно-секции во училишните кино-клубови.
3) нови ТВ-програми за сексуално едуцирање на средношколците (Ако „секој може да снима што сака“ - тогаш зошто и секој да не може јавно да го прикажува снимениот материјал?) :)

Анонимен рече...

Во законот нема „доброволно“ или не. Значи, се поставуваат две прашања:

1. Дали оралниот секс е „полово дејство“?

2. Дали училницата е „јавно место“?

3. Дали е потребно постоењето на таков закон?

Darko156 рече...

Штета што на ЈуТјуб не примаат вакви клипови, гарант ќе достигнеше јака популарност :) и ќе влијаеше на светската младина, да видат они што е либерализам

„Дали е потребно постоењето на таков закон?“
Прашањето е на место, ама ете постои.
Замисли си да имаше клип со орален секс меѓу двајца средношколци од ист пол.
Што мислиш, немаше тогаш да им текне дека постојат и кривични одредби? :)

„Штета што на ЈуТјуб не примаат вакви клипови“.
Дарко, и самото неовластено ширење на клипот може да се интерпретира како повреда на правото на приватност.
Се разбира, доколку некој од актерите (или нивните родители) се почувствува засегнат.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week