Едно те исто

1/30/2007

По метафоричките „хебли“, Коља почна да гаѓа и со „лајнени стапови“:

Еве го, значи, мојот денешен пример за нашата мафијашка држава-партија: во таа годишна програма за култура името на претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, го наоѓате речиси зад секоја трета грмушка! (Да, на тоа личи Македонија во 21 век: на некаква предцивилизациска прерија во која илјадници ѕверчиња осамено го крцкаат својот плен, секој зад својата грмушка.) Даночните обврзници, значи, на вториот човек во политичката хиерархија, годинава ќе му платат да го сработи својот игран филм (заедно со Дарко Митревски), да ги објави своите високоумни политички мисли во десет тома (!!!) и да направи најмалку една театарска претстава!“ (Лајнени стапови за глинените војници).

Но, во што е проблемот?

Зошто издавачите правно не го оспоруваа конкурсот уште кога беше објавен?

Зошто, наместо да лаат во ветер, не почнат да водат правна битка за поништување на конкурсот или за ревидирање на резултатите?

Зошто не поднесат претставка до анти-корупциската комисија?

Вака, секоја година - „едно те исто, едно те исто...“ - а карванот си врви.

Со „хебли“ и со „лајнени стапови“ културна политика не бидуе.

2 коментари:

Анонимен рече...

Лично сметам дека не е едно те исто.
Хеблите висеа на јарбол.
Овде има конкретен проблем и конкретно дигање џева со голема причина.
Мислам дека ова е одличен потег на Коља. Толку смрди моменталната културна политика, баш така и баш толку колку што Коља ја пишува, што ова Е начин за подигање критичка свест.
Поздрав

Unknown рече...

Смрди, затоа што санитарниот чвор е расипан.
Затоа треба да се викне мајстор за да го поправи. :)
Секоја година после конкурсот има скандали и сирени, а досега ниту еден судски спор не видовме.
Мојата критика кон Коља беше делумна.
Воопшто не го оспорував цитатот, туку стратегијата за борба - која досега се покажа како неуспешна.
Оттаму „едно те исто“.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week