Милениумска глупост

1/07/2007

„Кога станува збор за Милениумскиот крст, мислам дека нема човек кој може да го „отшрафи““ - му реплицира на Вуна Јован Стефановски - Жан, проектант на Милениумскиот крст, во „Форум плус“.

И повторно крстот се споредува со Ајфеловата кула:

„Земете ја Ајфеловата кула во Париз: 30 години по нејзината изградба постоеле иницијативи таа да се отшрафи! Таква му е судбината и на Милениумскиот крст: ќе мине период на негирање, за да биде прифатен како симбол не само на Скопје и Македонија, туку и на целиот православен и христијански свет.“

Споредбата е милениумска глупост. Ајфеловата кула е изградена во чест на 72 француски научници од страна на конструкторот на Статуата на слободата, а служела и како радио антена и научна лабораторија (благодарение на што стекнала право да биде зачувана како споменик). А за што ни служи крстот на Водно освен што поттикнува верска нетрпеливост и политички конфликти?

Ама, фала ти Жан за тоа што ни ги расчисти дилемите - им ги затна устите на оние што не убедуваа дека крстот не бил православен и христијански симбол, туку „милениумски“ или „цивилизациски“ симбол.

Останува уште петокраката од државниот грб да се замени со крст, за симболички да ја потврдиме христијанската хегемонија.

6 коментари:

Shepard рече...

кој и каде тоа?

инаку, ме мрзи по стоти пат да аргументирам, ама (пошто има интерес), замисли како би било една свирка под мотото „отштрафете го“ и тука штрафцигери миљон (само очи да не си извадиме) :)

Анонимен рече...

Слични такви крстови има и над градови низ ЕУ. Како симбол, скопскиот крст не е оригинален.

Дали сите религиозни објекти треба да се уништат, оти поттикнуваат нетрпеливост кај припадниците на други вери?

Unknown рече...

„Дали сите религиозни објекти треба да се уништат, оти поттикнуваат нетрпеливост кај припадниците на други вери?“ - прашањето е сосем на место.
Напротив, сакралните објекти треба да се заштитуваат и почитуваат.
Ама од каде пак излезе тоа дека крстот на Водно е сакрален објект?
Штом нашата секуларна Влада издвојува буџетски пари за изградба и оддржување на објектот, тој дефинитивно не е религиозен објект. Оттаму, сите наши критики и предлози произлегуваат од неприкосновеното граѓанско право да контролираме како и на што се трошат буџетски пари, и дали постапката за изградба била законита.
Најпосле, нели Водно е прогласено за парк-шума?
Што ќе се случи, на пример, ако сите сопственици од „шпанското село“ ги пренаменат и прогласат своите куќи за религиозни објекти?

Анонимен рече...

> Ама од каде пак излезе тоа дека крстот на Водно е сакрален објект?

Не е.
Што е најинтересно, не е ни изграден според христијанските канони, така да голема е можноста да ги навредува и „вистинските“ христијани.

> Најпосле, нели Водно е прогласено за парк-шума?

exactly

Анонимен рече...

Не го Читам блогов, случајно налетав на постот со тоа Алфите што те сопреле. Епа дечко чим тебе крстот те навредува и ти предизвикува нетрпеливост (ниеден муслиман иначе не се изразил лошо против крстот, напротив, контактирам со нив секој ден) следниот пат се надевам дека Алфите граѓански ќе те скршат од ќотек и ќе те гледаме на вести на Сител како се жалиш и бараш правда. Мочко еден.

Unknown рече...

„...следниот пат се надевам дека Алфите граѓански ќе те скршат од ќотек и ќе те гледаме на вести на Сител како се жалиш и бараш правда. Мочко еден.“
Анонимен пријателе, на многу лош начин проповедаш христијанство.
Дали е христијански да ги навредуваш луѓето, да повикуваш на насилство, да поттикнуваш омраза кога некој ќе го изрази сопственото мислење со кое ти лично не се согласуваш?
Велиш - „ниеден муслиман иначе не се изразил лошо против крстот“ - што воопшто не е точно.
Туку, баш ме интересира како ќе реагираат христијаните ако ИВЗ реши да изгради џамија висока 70 метри веднаш до крстот, или на плоштад - да речеме.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week