Македонци

1/25/2007

Македонец како регионален идентитет:

Караманлис тврди дека е Македонец („како и два и пол милиони Грци“) - и зошто толку џева?

И Комитата тврди дека е Македонец: „В България под думата "македонец" се разбира българин, който е от региона Македония или гражданин на република Македония. Ето например аз и още 3 милиона българи се смятаме за македонци, но в никакъв случай не се смятаме за част от някакъв друг народ, различен от българския, нито пък смятаме македонските си корени за различни от българските.“

Сите кои се родени, потекнуваат, или живеат во било кој регион на Македонија можат да си се нарекуваат Македонци, и нема ништо спорно во тоа.

Македонец како припадник на македонската династија:

Кој може да спори дека непријателот на Самоил, Василиј II бил Македонец - припадник на македонската династија?

Македонец како поданик на древна Македонија:

Неспорно е дека Александар Велики бил Македонец, исто како што е неспорно постоењето на античка Македонија.

Македонец како жител на многубројните населени места ширум светот наречени „Македонија“:

Можете ли да порекнете дека не се Македонци жителите на овие места? „Градови Македонија има во сојузните држави Алабама, Арканзас, Конектикат, Џорџија, Илиноис, Индијана, Ајова, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Њу Џерси, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Тенеси, Тексас, Вирџинија и две во Њујорк. (...) Името Македонија го носи и гратче во австралиската сојузна држава Викторија, под планината Македон (...) Името Македонија го носат и гратче со 3.661 жител во бразилската сојузна држава Сао Паоло, вештачко островче на Соломонските Острови, гратчиња во Шкотска, Романија, Куба и Колумбија.“ (Платиш за Македонија, одиш во Авганистан).

Македонец како граѓанин на Република Македонија

Ниедна друга држава во светот освен нашата не го содржи во своето уставно име зборот „Македонија“. Може ли некој да им оспори на граѓаните на оваа држава да се нарекуваат „Македонци“?

(Наспроти официјалните резултати од пописот, во коментарот на постот Тиранија на етничкиот идентитет?, Оксиморон тврди дека: „Во Македонија живеат МАКЕДОНЦИ со македонско, словенско потекло, МАКЕДОНЦИ со албанско национално потекло, МАКЕДОНЦИ со турско национално потекло, МАКЕДОНЦИ со српско национално потекло, МАКЕДОНЦИ со влашко потекло, МАКЕДОНЦИ со ромско потекло, МАКЕДОНЦИ со бошњачко потекло .... значи сите се МАКЕДОНЦИ. Сите кое се родени и живеат во Македонија, на кои во изводот и уверението за државјанство им пишува дека имаат македонско државјанство - се МАКЕДОНЦИ. Сите кои имаат македонски лични карти и пасоши се МАКЕДОНЦИ. По националност и вероисповед можат да се декларираат како сакаат, но по државјанство се МАКЕДОНЦИ.“)

Македонец во етничка смисла, како припадник на македонскиот народ:

Кој може да го оспори фактот дека извесен дел од Земјаните се идентификуваат како Македонци, во етничка смисла?

Кој може да го оспори фактот дека на пописот во Република Македонија од 2002 год. 1.297.981 лица се имаат изјаснето како Македонци?

Кој може да го оспори фактот дека одреден број лица и во други земји - Бугарија, Грција, Албанија, Србија, Хрватска, Австралија, Канада, САД, Нов Зеланд... - исто така се идентификуваат како Македонци во етничка смисла?

Нема ништо побесмислено од националистичките слогани „Има само една Македонија!“, „Ние сме вистинските Македонци!“.

Има повеќе различни идентитети - Македонци, и бесмислено е да се оспорува било кој од нив.

12 коментари:

Анонимен рече...

Ако непријателот на царот Самоил, Василиј Втори, со прекар „бугароубиец“, бил Македонец, ние како Македонци чии потомци сме - на Самоил или на Василиј?

Грција, колку што гледам, нема проблем со името Македонија или Македонец туку со историските прашања. Затоа и не се расправаат со Бугарите кои се Македонци (како Комитата) или со другите наброени видови на Македонци, но реагираат на преименувањето на аеродромот во Александар Велики. Сигурно немаше да реагираат доколку се преименуваше во цар Самоил, на пример.

А за слободата на вероисповед за којашто коментирал Оксиморон, би сакал тоа да го видам на дело - да биде легално во државава да сум православен, но не од државната М„ПЦ“.

Комитата рече...

Много добър анализ на идентитетите. Това вече е основа за диалог ;-)

Unknown рече...

„...ние како Македонци чии потомци сме - на Самоил или на Василиј?“
Како што илустрирав, има разни видови Македонци.
Повеќе сум склон нациите да ги гледам како модерни творби, во тесна врска со национализмите и процесите на градење-нација и наративно изумување на традиции.
Оттаму, за мене, современите етнички Македонци, етнички Бугари, етнички Грци имаат малку реална врска со „Бугарите“ од времето на Самоил, со Македонците од времето на Александар, или со Атињаните и Спартанците...

Петър рече...

Ако ви е интересно, ето как Иван Михайлов е разбирал понятието македонец, питайки "като съм българин, не съм ли и македонец"? : http://www.promacedonia.org/im_statii/katosumbg.html

Статията му е много интересна, не я подминавайте по идеологически съображения.

Комитата рече...

Е ако започваме дискусия за идентитетот, мога да посоча и аз статия:

http://www.online.bg/kultura/my_html/2216/makedon.htm

Анонимен рече...

nešto off topic. što se odnesuva na ovoj post:
nešto što ima potencijal da stane anegdota koja što ja slušnav večerva: Lik , koj ne e nepoznat na potesnata, široka javnost, koga stanuva zbor za Skopje(pomegju drugite raboti, toj e vo programata na bolnicata vo Kisela Voda, na terapija), go zastanuvaat Alfi. Tamu nekade Tebe kajšto te zastanale posledniot pat. I trgnuvaat da go ... "legitimiraat", duri i po djebovi, ušte pred da se svesti, no ne za dolgo: "jas sum ***** ******, vraboten vo Helsinški..." sredbata završila vo istiot mig. ***** ****** gledal kako so zabrzan od se odaalečuvaat od mestoto na nastanot.
Bez da se pozdravat.

(kakov e toj način!?)

Анонимен рече...

Жаре, проблемот со изјавата на Караманлис е во тоа што тој под Македонец исклучиво подразбира регионален идентитет. „Јас сум Македонец, исто како и 2 и пол милиони Грци“, значи дека Македонците можат да бидат Грци, Бугари, Срби, Албанци, Турци, Власи итн., но никогаш етнички Македонци. Не знам како не го увидуваш тоа. А тоа дека изјавите како „Има само една Македонија“ воопшто не ми е јасно зошто ги ставаш под категорија национализам. Ако на странец му се каже оваа реченица, тој под Македонија ќе разбере исклучиво една земја што се вика Р.Македонија. Во никој случај нема да му текне на гратчињата во Америка или сл. Само на идиот може да му текне тоа. Извини, ако се чуствуваш навреден, ама сварно е така. Да рамниш на исто ниво земја што се вика Македонија и етничка припадност - Македонец, од една страна, и некое гратче што се вика Македонија, од друга страна, е идиотизам! Ако за тебе се национализам посочените две реченици, морам да речам дека живееш во облаци и подобро да си се качиш во временската машина за 2300 година, каде што можеби ќе има напишано некој научен труд во кој убаво ќе бидат разјаснети сите овие изјави, без етикетирање за национализам!

Unknown рече...

„Ако на странец му се каже оваа реченица, тој под Македонија ќе разбере исклучиво една земја што се вика Р.Македонија.“
Никој нема таква моќ да воспостави монопол над јазикот, именувањето, и различните можности за себе-идентификација.
Што се однесува до слоганот „Има само една Македонија“, во една прилика го имам напишано следново за македонско-грчкиот спор:
„Paradoxically enough, but fanatics from both camps believe in the same proposition, that there is only one truth: “There is only one Macedonia.” The proposition is the same, but the propositional content is different: the true believers from both camps are slaves of two totally distinct "historical chains" assigning phonetically the same name.“
Интерпретацијата на исказот „Има само една Македонија“ исклучиво во смисла на „една земја што се вика Р.Македонија“ - е сосема логична, но не и единствена интерпретација.
Исказот „Има само една Македонија“ може да се интерпретира и како има „една земја што се вика Македонија“, каде што „земја“ нема да биде сфатено како „држава“, туку како „територија“ (она што ние го перципираме како Вардарска+Пиринска+Егејска Македонија).
Со самото тоа што постојат и други легитимни интерпретации на исказот „Има само една Македонија“, исказот ја губи својата веродостојност.
Што се однесува до твоите „аргументи“ од типот - „Само на идиот може да му текне тоа. Извини, ако се чуствуваш навреден, ама сварно е така.“ - со тоа покажуваш само колку си идеолошки заслепен и тесноград во своите сфаќања.
А можда е и крајно време да ја прочиташ книгата „Идиот“ од Достоевски, за да ти текнат некои работи :)

Анонимен рече...

Жаре, тотално е бесмислено да се става на исто рамниште жителство во некој град, потекло од некој регион и граѓанство, односно етничка припадност. Сакав да ти кажам дека кога ќе се спомне Македонец, на секој човек што логично размислува ќе му текнат две варијанти: 1. граѓанин на Р.Македонија и 2.етнички Македонец. Никој нормален нема да те праша дали живееш во град Македонија, дали твоите потекнуваат од регионот Македонија или си едно од овие две горе. Тоа е тотално бесмислено. А дека не барам ексклузивитет врз терминот не барам. Напротив, дури и ми ласка што има толку многу работи со име Македонија.

Мојот првичен коментар беше испровоциран од тоа што толку лежерно поминуваш преку фактот дека Караманлис под Македонец подразбира исклучиво географско потекло. Зошто, за секој нормален човек е тотално бесмилсено да го кажуваш своето географско потекло во странство, а во исто време луѓето спроти тебе се изјаснуваат со националното потекло. ја сфаќаш замката? Ти му кажуваш на некој Грк дек си Македонец ( мислиш на етничко потекло ), а тој ти кажува дека и тој е Македонец ( а ако го прашаш што е по етничко потекло недвосмислено ќе каже Грк ). Разбираш сега или треба уште да пишувам?

Unknown рече...

„Сакав да ти кажам дека кога ќе се спомне Македонец, на секој човек што логично размислува ќе му текнат две варијанти: 1. граѓанин на Р.Македонија и 2.етнички Македонец.“
Тоа е wishful thinking. Не можеш да ги исклучиш и другите можни идентитети, пред се територијалниот.
Прашај се само што значи „Европјанин“?
Дали е тоа само граѓанин на ЕУ, или жител на земја што е членка на Советот на Европа?
Или, првенствено, станува збор за територијален идентитет - некој што се родил или живее на континентот Европа (ако воопшто признаеме таков засебен континент).

Анонимен рече...

Гледам најгоре на блогот си ставил дека си од Македонија. Ќе треба да појасниш на која Македонија мислиш. Што знаеш, може некој мисли дека си од Соломонските острови.

Unknown рече...

nice :)
А што станува со Пиринска и Егејска?
Не е и тоа Македонија?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week