На седница на Владата, известува „Дневник“, „Било потенцирано дека е доволно да се исфрли ѕвездата петокрака, што е симбол на комунистичкото минато на земјата и не соодветствува со сегашните процеси и нејзините евроатлантски аспирации.“ (Петокраката ќе падне од државниот грб)
Статијата е илустрирана со грб на сина позадина (Грбот на страницата на Претседателот) кој драстично се разликува од грбот објавен на страницата на Службен весник. На македонска википедија има сосема поинакво решение на грбот. Останува да лебди прашањето за автентичноста на грбот, за што пишував и во постот Откријте ги разликите!
Она што ме копка е дали промената на грбот ќе предизвика повторно одложување на пасошите. Да потсетам, Џанго веќе ги покажа новите пасоши на чија насловна е стариот грб со петокрака, а во старите пасоши воопшто немавме грб (ако не се рачуна срцевината на печатите на МВР).
„Ју Ту“ (U2), Ед Ширан и Тарас Тополиа објавија песна посветена на
украинските бранители
-
[image: Кадар од спотот на „Ју ту“ - „Вечно твој/а“]
Ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) и украинскиот режисер Иља Михајлус објавија краток
документарен фил...
Пред 2 седмици
0 коментари:
Објави коментар