Полициска држава

1/06/2007

Еве што вика тетка Вики за земјите каде што личните карти се обврзни:

„According to Privacy International, as of 1996, around 100 countries had compulsory identity cards.

The term "compulsory" may have different meanings and implications in different countries. The compulsory character may apply only after a certain age. Often, a ticket can be given for being found without one's identification document, or in some cases a person may even be detained until the identity is ascertained. In practice, random controls are rare, except in police states.“

Значи, според критериумите на Википедија, ние сме ти полициска држава затоа што кај нас е востановена полициска практика да се извршуваат рандом контроли на задолжителните лични карти.

Да потсетиме и на забелешките на МХК во однос на новиот Закон за полиција:

„Наспроти стандардите за податоците кои може полицијата да ги бара, а кои треба да бидат непосредно поврзани со делото кое се истражува, според законот за полиција (чл. 71) во евиденциите покрај личните податоци се запишува: прекар, етничко потекло, пол, личен опис, лична и семејна имотна состојба, образование, занимање, вработување. Посебно загрижува линијата на дејствија која е овозможена со навидум мали поместувања во примената на стандардите:

* Полицијата може да легитимира секого и во секое време под изговор дека лицето СО СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКУВА СОМНЕВАЊЕ дека е сторител на кривично дело или прекршок или дека дека има намера да стори такви дела

* Со проверката на идентитетот лицето влегува во евиденциите на полицијата (чл. 70)

* Во таа евиденција се чува две години

Тоа значи дека: ако се однесуваш на начин кој кај некој полицаец ќе предизвика сомневање дека би можел да сториш прекршок, ќе ти бидат земени лични и други податоци и ќе бидеш две години во евиденцијата на полицијата.“

(Прилог кон расправата за Законот за полиција)

Во наредниот пост ќе следува компаративна анализа на нашите законски решенија во врска со легитимирањето на лице и решенијата на некои соседни држави.

3 коментари:

Анонимен рече...

Исправка -
не „Полициска држава“ туку „Држава на полицијата“ ;)
Има разлика, де :)
Среќни празници

Unknown рече...

Среќни празници и на тебе.
Наместо држава на граѓаните, држава на полицијата. :)

Анонимен рече...

Друже пошто имаш магистрирано на оваа тематика се чудам зошто ми цитираш Википедија. Ја отвори ја Европската конвенција за човекови права мислам член 5 беше кој се занимава со вакви случаи и ја види убаво таму што пишува. Истите членови што ги има и во нашиот закон - може да биде легитимирано секое лице кое изгледа сомнително детали не се оставени што се подразбира под СОМНИТЕЛНО но еве да речеме човек сам што шета во 00-00 часот во темни улички може да спаѓа во такви нели се согласуваш...се работи за обична полициска постапка и секој граѓанин треба да ја поздрави. Е сега ако тебе секој ден те сопираат цајкани тогаш веќе имаш право да реагираш за некаква си полициска држава или ако мислиш дека водат досие. А за вакви случајни работи мислам дека претеруваш, како што впрошем претеруваш и за повеќето работи овде што ги пишуваш.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week