Зошто споменик на Скендербег?

1/04/2007

Покрај стандардните теми, оваа година ќе ја посветиме и на препрочитување на некои интересни моменти од нашето историско минато.

Како за почеток, два интересни цитати од Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија (потпишан од политичкиот комесар Цветко Узуноски и командантот Михаило М. Апостолски), пред конечното ослободување на Македонија.

Прв цитат:

„Брак'а и сестри Албанци и Албанки!

Немојте да оставаме на крвавите германски окупатори да ги скараат нашите два братски народа. Немојте да оставаме да го разбијат нашето борбено единство и да ги раздвоат нашите две славни знамиња - знамето на Скендер бег и знамето на Крушовската република, соединети што доживеа толку многу победи.“

По читањето на овие редови (потцртувањето е мое), логично ми дојде да се запрашам зошто немало споменик на Скендербег уште во СРМ, и зошто толку хука-бука околу веењето на знамињата во 1997 год. Ако дел од борците за ослободување на Македонија можеле да го веат знамето на Скендербег за време на ослободителната борба, бесмислено е да се забранува веење на борбеното знаме во ослободена Македонија.

Уште поинтересно и поконтроверзно е објаснувањето на каузата на партизанската борба:

„Знајте дека соединетите војски на сите балкански народи се борат денес за да се создаде една балканска федерација и дека ние најповеќе ќе допринесеме за да се исполни таа голема цел само ако уште посилно го закрепиме нашето единство и ако уште повек'е удриме против сите непријатели на нашето единство. Знајте дека после оваа војна сите балкански народи сами ке си решаваат за својата судбина.“

Сами ќе решаваат за својата судбина?

Ех, балканска федерација - идеја непрежалена...

0 коментари:

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week