Расистичка контаминација на јавниот простор

1/27/2007

На некои новинари треба со време да им се каже дека е редно да заминат во пензија. Особено кога ќе почнат да го контаминираат јавниот простор со навредливи термини како „македонски гниди“ и „бугарски вошки“:

Можам да ги разберам комплексот и фрустрациите на одредени хански потомци што не се и не можат да бидат Македонци, па таа хендикепираност се обидуваат да ја надоместат со безочно крадење на македонската историја, култура, литература и со присвојување македонски дејци, дури и на такви кои биле пламени борци против великобугарската идеја. Но, не ми е премногу јасно зошто одредени македонски гниди, на кои, сигурен сум, не им се непознати вредностите на оваа митска земја, толку упорно се обидуваат да се трансформираат во бугарски вошки.“ (Пропагандата го архивира Мисирков).

За греота сме со вакво ниво на критичко мислење, каде што наместо аргументи, фрчат расистички забелешки кои имплицитно сугерираат „требење“ на штетниците.

Ваков говор не враќа во 1945, кога „во името на народот“ теледиригираните толпи бараа линч на изродите и чистење на предавниците на македонската национална чест. Тогаш беа „истребени“ и оние кои не се согласуваа со догмата дека „Без слободна и јака Југославија, не може да постои слободна и јака Македониа“.

Да потсетиме, нашиот стремеж кон ЕУ подразбира и извесни одговорности - промоција и почитување на човековите права и достоинството на секој човек, особено промоција на интеркултурниот дијалог и почитување и промоција на културната разноликост.

Ширење на расизам и ксенофобија кон граѓаните на една соседна земја членка на ЕУ не е придонес ниту кон интеркултурниот дијалог, ниту начин да ја оствариме нашата цел - да станеме членка на ЕУ.

Нашите културни спорови со Грција и Бугарија можеме да ги надминеме со повикување на „европски“ аргументи и вредности, а не со нетолерантен говор кој е симптом на културен примитивизам.

4 коментари:

Анонимен рече...

Да, поентата е сосема на место. Забележително е и тоа што веќе подолго време во јавни настапи и пишувања на наши „интелектуалци“ називи на народи и раси се употребуваат во погордно значење, што во извесна рака,претставува отворен вербален расизам. Така, ќе чуеме од нашите „вербално потентни“ загари на „националната кауза“ како тоа Бугарите не вредат ништо, поради тоа што се „Татари“ или дека Грците се за плукање, бидејќи се „Цигани“, или во полош случај „дојдени од Африка“. Повторувам, не станува збор за маргинални „персони“ од типот „активист на некоја обскурна skin-heads дружина“, тука за дежурни окупатори на македонскиот јавен простор, кои љубат да ги истакнуваат и своите академски прерогативи итн. Па да се замислиме малце... (на страна од нашето припишување фантазмагорични етнографии на соседите), во светот навистина и постојат народи како Татари (во Русија), Роми (насекаде)или Африканци. А ние имињата на овие народи ги употребуваме исклучиво во погрдна и навредлива смисла. Што кажуваме со тоа - спомнатите народи и раси се „undermensch“, недостојни за живот...што? Значи, ние не ги критикуваме Бугарите или кој и да е поради тоа што водат ваква или онаква политика, затоа што се мрзливи или, пак, можеби премногу фанатични работници,или затоа што се наивни или можеби лукави... туку строго врз основа на тоа што тие се, нели, „Татари“, „Цигани“, „Азијати“ итн...
Но сакам да обрнам внимание и на уште една, слободно можам да ја наречам, „мазохистичка“ појава. Имено - авторасизмот! Да ли си забележал како со текот на годините зборовите „Словен“, „словенски“ во нашиот јавен речник започнуваат да се ползуваат во речиси исклучиво навредлив и понижувачки контекст... (та сега најголемата национална фобија ни се состои во тоа да се присетиме дека сме словенски народ)- Каква само теза би можел некој да напише на нас од областа на Психопатологијата... (Веќе си го претставувам насловот - „Македонец, тоа звучи како дијагноза“)

Unknown рече...

Да, сосем си во право за согледбите во врска со расизмот - Најпосле, и Татарите се луѓе, зарем не? :)
- „Македонец, тоа звучи како дијагноза“.
За жал, почнува да звучи, и тоа благодарение на „дежурните окупатори на македонскиот јавен простор“.

Анонимен рече...

Когато ни наричат "татари", това не ни обижда. Такова твърдение само ни разсмива и показва или ниското ниво на спорещия, или липсата на разумен довод. Как да се обидиш от "татар", когато нито си такъв, нито пък татарите са лоши хора.

Анонимен рече...

Ето каква тема видях в "Кайгана":http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=9594

Май съвсем логично се появяват такива насоки в мисленето на уж интелигентни хора, след като месеци наред се нагнетява напрежение по медиите… Формиране на фашистка организация, прикрита зад знамето на патриотизма. Пълно одобрение на идеята да биват отстранявани, заточавани или убивани мислещите по друг начин…Като виждам, по интернет, за колко малко може един човек в Македония да бъде набеден за бугарофил /в това число си и ти Жарко, защото имаш смелостта да не си съгласен с позициите на крайните българомразци/, много “работа” ще трябва да отметне това ново формирование…Нямам думи!…Не само, че историята я тълкуват “както дяволът чете Евангелието”, но и са пропуснали да научат главния урок от нея - когато не се разбират грешките на миналото, то те ще се повторят.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week