Линчување, лаги, и слики

1/02/2007

Фактот што Садам Хусеин е егзекутиран за време на муслимански празник (кога милиони муслимани се на аџилак во Мека), само го зацврстува впечатокот дека Буш води света „крстоносна“ војна против исламот.

И последните зборови на Садам Хусеин (шехадетот) долеваат масло на огинот:

„Нема друг бог освен Алах и Мухамед е Божјиот пратеник“ (според Bagdad Burning).

Да не заборавиме, морбидната егзекуција на Садам следува непосредно откако бројката на загинати војници во Ирак ја надмина бројката од настрадани при терористичките напади на 11 септември. (9/11 Death Toll Topped By U. S. Troop Deaths in Iraq).

Војна со линчување, војна со лаги, војна со слики.

Во време кога по интернет хараат снимки од егзекуцијата на Садам, The New York Times ни ги сервира Лицата на умрените 3.000 американски војници.

А каде се лицата на загинатите Ирачани?

Според проценката на еден тим истражувачи, од март 2003 до Јули 2006 имаат загинато околу 600.000 цивили (Estimates of Iraqi Civilian Deaths), над десет пати повеќе од податоците објавени на „Iraq Body Count“.

Кога загинатите Ирачани ќе се претстават само како безимени бројки, а загинатите Американци како лица со име и презиме - кој испаѓа позначаен?

Оттаму и поентата на Bagdad Burning: „Само поради тоа што Американците умираат во помали бројки, не ги прави нив многу позначајни, зарем не?“

За жал, моќта на американските медиуми ги прави нив многу позначајни.

0 коментари:

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week