„Јунакинји“ и „булдожерки“

1/05/2007


Пријатно ме изненади несексистичкиот говор во првите броеви на „Нова Македониа“ од 1945 („секој грагјанин и грагјанка“, „доброволци и доброволки“...) како и третирањето на „Жената во изборите“ и „8 март - денот на жената“ како ударни теми.

Во претставувањето, фокусот е прво врз „Македонската мајка“ (на паднати борци), потоа на жената како „борец со пушка и бомба во рака“, на крај на жената ударничка („Во Велес Руса Маджарова плете за нашата војска по 14 пуловери на ден...“).

Еве и два ситни детали, кои сведочат за првите „слободни и тајни избори во Македониа“ во кои жените за прв пат добиваат избирачки права:

1) „Една млада жена води под рака една старица, „мајка е слепа па ја донесов да гласа“ вели кјерката и започна да чита на мајка си имињата на кандидатите на листата. 80 години слепа старица слуша внимателно. Од време на време ја прекинуе кјерката си во читанјето: „Подчртни го Пане, тој е честен чоек, ај сега и Милева, таја има многу напраено за I реон.“

2) Една група од 4 були земат од масата листата. Најстарата мегју нив, 80 годишната Фатима, ја зема листата со растреперена рака: „Што доживеф, никогаш не сум помислила оти и ние турчинките ке имаме некое право па еве доживев и јас да гласам слободно“. Кај Бит-пазар, во една джамија, гласат само жени турчинки.“

(Скопјаните гласаат, Нова Македонија, 3 април, 1945, стр. 4)

На фотографијата - првата жена „булдожерка“.
(oд албумот, „Жените од Македонија во изградба на социјализмот“)

0 коментари:

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week