Неколку интересни изјави од интервјуто со „читателот“:
„Имав конкретна понуда да формираме влада без ВМРО-ДПМНЕ. Во неа ќе беа СДСМ, ДУИ, НСДП, ВМРО-НП, двајца независни и ќе имаше 66 пратеници. Не ја прифатив понудата бидејќи ја почитувам волјата на македонските гласачи.“
„...јас бев на чело на ОНА, бидејќи не сакав да дозволам Македонија да стане Либан или Палестина.“
„Сакаат да ја поделат Македонија, да слушнеме како ќе ја поделат.“
„...ДУИ даде доволно аргументи дека е против федерализација и поделби.“
(Не и' мислиме лошо на нашата земја).
Можеби е крајно време Груевски да ја посети Шипковица и како Премиер на сите граѓани да ги расчисти сомнежите дали неговата партија навистина учествувала на средби со Џафери, Џинџиќ и претставник од Косово за евентуална поделба на регионот – како што тврди Ахмети.
Не сум сигурен дека некој би инвестирал во Македонија ако не е убеден дека земјата ќе остане стабилна и безбедна.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
1 коментари:
Станува интересно:
Тачи "...најави дека лидерот на ДПА Арбен Џафери ќе го тужи Ахмети за клевета изнесена во интервјуто за „Дневник“, дека Џафери, Љубчо Георгиевски, Зоран Ѓинѓиќ и претставник од Косово разговарале за поделба на регионот во 2001 година. Тачи вчера изјави дека Ахмети е тој што сакал да ја дели Македонија."
„Поделбата на Македонија е ветена во првите пет коминикеа на ОНА, чиј командант беше Ахмети. Во разговорот што го водевме јас, Арбен Џафери, Муса Џафери и Али Ахмети, тој инсистираше уште малку да се организираат и Албанците да го земат амбарот со житото - Пелагонија, па тогаш да се одделиме од Македонија и да ја урнеме државата. Тој ќе треба сериозно да се подготви и на суд да одговара за клевета - рече Тачи.“
(Дневник)
Објави коментар