„Проблемот на Груевски се состои во тоа дали тој ја чувстува Шипковица како дел од својата земја или не. Кога би ја чувствувал како дел од својата земја тогаш тој би отишол во Шипковица.“ (До Шипковица и назад)
Согледбата на Теута Арифи - колку и да е политички пристрасна - обелоденува дел од причините за конфликтот.
Најголемиот дел од жителите на Шипковица, и од карадачкиот/липковскиот регион немаат чувство дека живеат во Македонија, меѓу другото, и затоа што највисоките државни претставници не ги посетуваат овие региони, ниту пак се заинтересирани за идентификување и решавање на нивните секојдневни проблеми.
Посетата на претседателот на Владата на сите места кои беа зафатени од конфликтот во 2001 година (со цел да се идентификуваат проблемите на граѓаните, и да се пронајде соодветна форма за нивно решавање) би бил голем исчекор кој би придонел не само за релаксирање на меѓуетничките напнатости, туку и за свртување кон пресудните економски проблеми што најмногу ги мачат токму граѓаните од овие региони.
0 коментари:
Објави коментар