На нашите Универзитети се уште можете да сретнете професори кои се расправаат со студенти во обид да им докажат дека хомосексуалноста е неприродна и девијантна.
Можете да сретнете професори кои одбиваат теми за дипломска поврзани со хомосексуалноста од страв да не направат грев.
Можете да сретнете дури и такви кои го негираат постоењето на хомосексуалците во Македонија, јавно застапувајќи тези дека хомосексуалноста е „ѓубре на Европа”, „болест на душата” и опасност за „битието на Македонецот”.
Во нашите образовни процеси се вклучени и луѓе кои јавно докажуваат дека лезбејството е нужно поврзано со феминизмот и дека „поинтелигентните и поженствените феминистки се евентуално бисексуалки” (?!).
(Извадок од текстот Бастиони на нетолеранцијата, Неделно време)
2 коментари:
на дебата околу хомосексуални бракови, ја зборев за бракот ко правна „институција“, на кратко „ако двајца се сакаат, живеат заедно, зошто да не можат да си регулираат имотно-правни прашања“ и сл.
и репликата беше „ама репродукција, суштина и сл.“
и после малце дебатирање, „сократ“ дојде до заклучок дека брак измеѓу „спонзоруша“ и чорбаџија има суштина, а брак меѓу двајца од исти пол не..
А што ако се тројца?
Јас мислам дека „брак“ не треба правно да постои, а од друга страна да може луѓето со граѓански договор да си ги утврдат условите на заеднички живот.
Мислам дека дури и нема некоја посебна пречка околу тоа денес, освен што во некои закони сопружниците имаат одредени бенефиции кои не-сопружници не можат да ги имаат. На пр. во врска со здравстцено осигурување и сл.... Би било фино да се прочешлаат законите и да се види кои закони ги дискриминираат невенчаните луѓе.
Објави коментар