Војна против исламот?

11/21/2006

Капетанот и обезбедувањето на еден авион во САД побарале од шест имами да го напуштат авионот, наводно откако тројца од нив почнале да ги кажуваат нивните вечерни молитви. (Six Muslim imams taken off plane)

Откако имамите одбиле, била повикана полиција која ги симнала со лисици од авионот. Имамите се враќале од конференција на која присуствувал и првиот сенатор-муслиман, избран во конгресот.

Дали сте прочитале за случај некои христијански свештеници да бидат симнати од авион затоа што читале молитви од Библијата?

7 коментари:

Анонимен рече...

Сме слушнале за христијански свештеници кои биле протерани од своите манастири,верници кои биле евидентирани во полиција затоа што биле на молитва во време на духовна еклипса на сопствениот народ...и тоа сето се случило тука покрај нас...

Unknown рече...

во право си, иако постов беше на друга тема, за исламофобијата во САД.
неможноста за христијанско црковно организирање вон МПЦ, и регистрирање друга исламска заедница покрај ИВЗ, е директно кршење на човековото право на веоисповед.
за полицискиот прогон да не правиме муабет.

Анонимен рече...

Mili Boze, Ti sto jesi na nebesi, ako se slucajno nesto desi, Ti udesi da se nadjem na stjuardesi

Анонимен рече...

Всушност, при известувањето за спомнатиот настан има мала нејаснотија. Колку што мене ми е познато, во Исламот не постои такво нешто како „кажување молитва“, туку единствено „Намаз“, односно ритуално клањање, кое се прави во прецизно определено време пет пати во текот на денот (без разлика каде верникот се нашол во тој миг, барем во теоријата). И, впрочем, кога ќе се каже „молитва“ во контекст на исламот, се подразбира токму тоа - „Намаз“, а не „читање на Куранот“ или просто „изговорување на зборови“. Е сега, ако неколку луѓе во авион непосредно при полетувањето (значи,во време кога сите по правило треба да бидат со врзани ремени за седиштата)си извадиле секој по чергичка и во патничката кабина започнале да се клањаат во ритуал кој би можел да трае петнаестина минути, тогаш не знам како поинаку требало да реагира екипажот на авионот. Еве, Жарко, ако ти имагинарно би се нашол на местото на капетанот на авионот, како би постапил доколку некоја група патници во текот на полетување на воздухопловот реши да извршува „Намаз“ на подот од авинот?
Навистина, пред да се донесе било каков суд за овој настан, неопходно е претходно точно да се знае што, всушност, спомнатите имами правеле во авионот. Конечно, Куранот и Сунната (како единствени источници на муслиманската религиозна пракса)не познаваат такво нешто како просто „читање“ или „кажување“ молитва, туку исклучиво „Намаз“.
Наравоучение: Пред да се обидеме да судиме, треба да ги знаеме точните факти.

Unknown рече...

„Навистина, пред да се донесе било каков суд за овој настан, неопходно е претходно точно да се знае што, всушност, спомнатите имами правеле во авионот.“
Се согласувам.
Сторијата на која упатува линкот е сега изменета, и содржи дополнителни информации.
Според уапсените, тие не се молеле во авионот, туку на терминалот пред полетувањето.

Omar Shahin of Phoenix, president of the group ... said Tuesday that three members of the group prayed in the terminal before the six boarded the plane. They entered individually, except for one member who is blind and needed to be guided, Shahin said. Once on the plane, the six did not sit together, he said.
"We did nothing" on the plane, Shahin said.
Што правиме сега?

Анонимен рече...

незнам дали христијански свештеници биле симнати од авион затоа што ја читале библијата, но знам, на пример, за неколку девојчиња коишто беа обезглавени само затоа што биле христијани.

еве и фотографија.

Анонимен рече...

исто така, знам за места кадешто читањето библија е забрането со закон и опасно по живот, на пример саудиска арабија.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week