Си реков, ќе одморам малку од блогирање, ама ете не додржав.
Ме испровоцира Боцевски, кој се обидува да го брани Рамковниот договор, ама мошне неаргументирано:
„Охридскиот рамковен договор, со своите решенија, ги призна и ги потврди етничките разлики меѓу граѓаните во Македонија и понуди механизми за спречување на мајоризација и дискриминација на граѓаните од недоминантните етнички заедници, како и модалитети за негување на етно-културниот идентитет на сите заедници (значи, договорот може да се толкува и како начин да се развенча „етничкото“ од „политичкото“ и „етничкото“ да се врати во сферата на „приватното“).“ – пишува Боцевски во својата најнова колумна.
Напротив, Рамковниот договор официјално го венча етничкото со политичкото, претворајќи го дотогаш неутралниот граѓанин во припадник на заедница, интерпретирана исклучиво во етничка смисла. Како резултат на тоа, етничката припадност веќе не е веќе приватна работа, туку мошне јавна.
Еве уште едно радикално несогласување:
Оттука, Охридскиот рамковен договор не ја доведе во прашање „македонската нација“ како заедница што ги интегрира сите граѓани на Македонија (на политичко ниво), а преку уставните и законските промени што произлегоа од овој договор беше темелно редизајнирана „македонската држава“. („Македонија : држава или ентитет?“ - 11 ноември 2006 година)
За жал, со договорот не се доведе во прашање само принципот на владеење на правото (договорот не е правен туку партиско-политички акт), но и „„македонската нација“ како заедница што ги интегрира сите граѓани на Македонија (на политичко ниво)“.
Како резултат на тиранијата на етничкиот идентитет во Република Македонија (како пост-рамковна етнократија) не постојат услови за изразување и уживање на правото на националност – сфатена како релација меѓу граѓанинот и државата независна од неговото етничко потекло.
Ако после Рамковниот договор нема услови за постоење на не-етнички граѓани – Македонци, тогаш нема услови за „„македонската нација“ како заедница што ги интегрира сите граѓани на Македонија (на политичко ниво)“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
9 коментари:
Во ред е сето тоа, ама доцниш другарче. Потпали се и потжари се малку на најновите вести - прочитај го писмото на д-р Арне Ѓоргов во денешен Утрински. Боцевски многу од читателите и не го разбираат што сака да каже - кутриот (или кутрите????), ама се кладам дека многу мажи откако ќе го прочитаат писменцево, а и некои од "кутрите женички" ќе си речат - ама паметно си пишува докторчево. Не дека те с'скам ама...... :)
го прочитав писмото уште вчера - веќе се подготвува реакција... :)
Браво бе Жарко, браво.. а аз от няколко дена гледам "мяу, мяу" на блога и се чудя ти къде изчезна. Предупреждавай друг път преди да отмаряш ;-)
„Не се обидувам да го бранам Рамковниот договор, туку институциите...“
Баш ме интересира на кои институции мислиш?
Најпосле, и ти убаво си ги опишуваш состојбите:
„...ако прифатиме дека под политички дијалог се подразбира „средба на лидерите“ на политичките партии, тогаш тоа природно асоцира на трибална или „warlord“ (командант) демократија, каде што им се дерогирани сите слободи и права на граѓаните, а системот не се наоѓа во „граѓанска состојба“, бидејќи трибалните лидери се медиум меѓу граѓаните и институциите на ентитетот, односно тука не постои нација, туку племиња, банди и други групи што се наоѓаат во претполитичка состојба, па целиот процес се сведува на лидерски дијалог („пушење луле на мирот“ или, во современи македонски услови, заемно припалување цигари).“
После т.н. „Рамковен договор“ (или „Рамковна спогодба“) - да ги употребам твоите зборови - „политичкиот дијалог се изместува од институциите“.
После „Рамковниот договор“ - Македонија преживува сериозна уставна и институционална криза како парламентарна демократија.
Собранието не е место каде што се донесуваат клучните политички одлуки и дебати, туку партиски-диригирана гласачка машина каде што треба да се протуркаат претходно донесените одлуки.
За партизираноста на комитетот за односи меѓу заедниците ич да не зборуваме.
За тоа како самоволно се интерпретира Уставот од Народниот правобранител, веќе пишував:
„Народниот правобранител, во извештајот за 2005, самоволно прогласува „права на заедниците кои не се мнозинство“, иако во Уставот не станува збор за никакво групно правo во кое носители се „заедниците кои не се мнозинство“, туку за индивидуално правo во кое носители се „граѓаните кои припаѓаат на сите заедници“ (Амандман VI).“
Иако Уставниот суд не ја оценуваше Уставноста на „Рамковниот“ со образложение дека не станува збор за правен, туку за политички акт, судот не иницираше никаква постапка во случаите кога Владата ги оправдуваше своите одлуки повикувајќи се на „Рамковниот“, наместо на Уставот.
Најголема трагедија е што и оваа Влада го фалсификува Уставот подметнувајќи го „Рамковниот“ како десетта глава - што е невиден скандал за една држава која претендира да биде правна држава.
Најстрашното - на граѓаните (пардон, на „припадниците на (етничките) заедници)“ на Република Македонија им е толку испран мозокот што секакво аргументирање против т.н. „Рамковен договор“ се смета како ирационален акт против мирот.
Можна ли е критичка дебата во таква атмосфера?
офтопик...ах, едвај чекам коментар на писмото на докторов ѓоргов! си мислев дека ти нема да додржиш а да не го искоментираш!
За писмото на Ѓоргов, ќе уследи реакција од страна на Истражувачкиот центар за родови студии, до Утрински весник.
Ќе ја постирам и на блогов.
фино! баш ме занима дали ќе уследи реакција и од прозваните колумнистки.
уосталом, време е за нова полемика на темава, слична на форумовата пред пар години каде поштено се распаливте. само овојпат у дневен и потиражен медиум.
Жарко, Ивица,
кога го прочитав текстот на Ивица мојот заклучок беше Македонија Е ентитет - извештај на EU или не - јас сватив дека Ивица баш тоа го кажува?!?
Was I wrong?
Јас сфатив поинаку од заклучокот на Боцевски:
„Македонија, сепак, ја помина таа фаза и сега сме во многу пософистицирани области на консолидација на македонската држава.“
Демек, не сме „ентитет“ во „претполитичка“ состојба, туку држава кандидат за ЕУ во која постои политички дијалог!
Сепак, моите забелешки беа насочени кон неговото толкување на „Рамковниот“. А токму инсистирањето на „Рамковниот“ (владеење на неправото), наместо на Уставот (владеење на правото), не квалификува за пара-државиче кое нема елементарна либерално-демократска култура.
Објави коментар