Додека „кучињата чувари“ (watch-dogs) се лаат меѓу себе, корупцискиот карван си врви, а човековите права страдаат како „колатерална штета“ во огнометот на суети.
За жал, и медиумите повеќе ги интересира „расколот“ во МХК, отколку последниот извештај на Комитетот за превенција на тортура... на Советот на Европа.
А извештајот не потсетува на една од нашите најголеми болки: „...судиите и обвинителите продолжуваат да покажуваат малку интерес дури и кога има prima facie докази за малтретирање“.
Извештајот ја потенцира и неодговорноста, инертноста и пристрасноста на властите, особено на службата за внатрешна контрола во МВР:
„All too often, there is a tendency among the relevant authorities to avoid responsibility for taking the steps essential for an effective investigation. It is also not uncommon for those authorities to display an inclination to protect law enforcement officials subject of allegations.“
Но, на нашите борци за човекови права (и на новинарите), очигледно им е поважно да учествуваат во креирање сапунски опери, отколку да се занимаваат со такви „бенигни“ проблеми како што се случаите на полициска тортура, исцрпно обработени во споменатиот извештај.
Оти, има ли поголем сеир од парадоксалниот конфликт на двете наши истакнати теоретичарки/практичарки за разрешување на конфликти?
Да се надеваме дека во најскоро време на дело ќе ја покажат ефективноста на нивните теории и методи за разрешување на конфликти со тоа што успешно ќе ги надминат конфликтите и ќе продолжат активно да се занимаваат со беспоштедна критика на властите и набљудување и известување за прекршувањата на човековите права.
Во спротивно, на Македонија и се заканува да остане „село без кучиња“.
Гледам, некои „трлаџии“ задоволно си ги трлаат рацете.
2 коментари:
Еве и еден индикативен цитат од штотуку дистрибуираниот месечен извештај на „Хелсиншки...“ - кој посведочува како функционираат нашите спроведувачи на законот:
„...пред Полициската станица „Беко“ Најчевска/Ивановски гледаат како двајца во цивил (најверојатно „Алфи“) тепаат, читај: нанесуваат удари на човек што лежи на земја и кој, не само што не пружа отпор, туку - очајнички се обидува да ги заштити лицето и другите болни делови од телото од ударите што оние двајца му ги нанесуваат. Кога „двоецот“ Најчевска/Ивановски се побунил - „лицата-кршачи на отпор“ го внеле тепаниот во Полициската станица и - продолжиле „да го кршат неговиот отпор“. За цело време околу нив имало неколку полицајци во униформа во својство на набљудувачи на тепањето.“
bljak!
Објави коментар