Удри по „кодошот“?

11/25/2006

Еве што изјавува новинарот Зоран Божиновски, во последниот број на „Фокус“:

„Со сите мои 19 приведувања командува командирот на полицијата Миле Андоновски. Тоа е одмазда за тоа што јас сум иницијаторот да се расчисти случајот Ел Масри. Еве, јавно признавам дека јас сум бриферот на ЕУ кој им тврдеше дека тие и тие луѓе на чело со Миле Андоновски го спакувале Ел Масри.“

Оваа изјава би била сосем доволна за во една демократска земја да се отвори истрага за поврзаноста на споменатото лице со случајот „Ел Масри“.

Република Македонија сеуште нема отворено никаква истрага за овој случај, иако Ел Масри тврдеше дека бил противправно уапсен и подложен на тортура и нечовечки третман во Република Македонија.

А парадоксалната судско-полициска хајка против новинарот познат како истражувач на случаи на корупција е уште еден симптом за тоталитаристичкиот менталитет кој владее во институциите на нашиот корумпиран систем.

3 коментари:

Анонимен рече...

Не коментирам за овој текст ништо, туку нешто друго ме интересира. Може нешто ми избегало од внимание на твојот блог, ама досега никаде не најдов твое мислење за случувањата во Хелсиншкиот комитет и плус реакцијата за тој докторот Арне Ѓорѓовски ја нема (или барем јас обете не можам да ги најдам). Нејсе, ако можеш, ај малце. Знаеме за корумпираноста.

Unknown рече...

Штета што не се појави на сесијата за транзициона правда Ивица, оти лустрацијата е токму механизам кој се оправдува во такви теоретски рамки.
Ќе имаше прилика да ги чуеш и моите аргументи зошто досега не било можно покренување на извесни процеси од областа на „транзициската правда“.
А анонимниот коментатор му се извинувам за доцнењето со реакцијата на Ѓоргов, покрај толку обврски и се разболев деновиве...
А за Хелсиншки нешто бев чкртнал претходно, ама ќе чкртнеме пак - штом ве интересира темата.

Анонимен рече...

Жаре, Ивица,

Абе дај брифирајте понекогаш за настани врзани со лустрација! Се закопав на Правен - никој не ме кани на вакви настани.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week