„Педофилија“

11/02/2006

Продолжуваме со номинациите за „златна капина“, овојпат за дезинформирачко дигање џева.

На вестите на А1 во 16 часот, бомбастично беше пренесена информацијата дека биле осудени двајца обвинети за „педофилија“!

Случајот беше дијагностициран како „педофилство“, а осудените беа жигосани како „педофили“.

Најавата на вестите од 19 часот беше „Тешка робија за педофили“! - иако станува збор за неправосилна пресуда.

Меѓутоа, кога отидов на сајтот на А1, насловот на веста веќе беше преиначен - Деспотоски и Ѓорѓиоска осудени за сексуална злоупотреба:

„На фармата за ноеви во крушевското село Пуста Река двојката сексуално злоупотребила три малолетни девојчиња. Беа откриени при обидот да привлечат уште едно.“

Ја прочитав и претходната вест:

„На осамената фарма девојчињата на возраст од 12 до 14 години, двојката ги привлекувала, прикажувајќи им порнографски филмови, купувајќи им подароци, а потоа сексуално ги злоупотребувала.“ (Вонбрачна двојка приведена за силување малолетнички)

Како прво, да потсетам дека веќе расправав за следново прашање - Дали изразот „сексуална злоупотреба на деца“ подразбира дека би можело да има „добра“ сексуална „употреба“ на децата?

Како второ, информацијата сугерира дека во кривичниот законик постои кривично дело „педофилија“, иако такво дело нема. Зборот „педофилија“ означува првенствено медицинска дијагноза. Од кога новинарите имаат лиценца да поставуваат медицински дијагнози?

Како трето, информацијата сугерира дека секаков сексуален однос со малолетни лица претставува кривично дело, иако во кривичното дело полов напад врз дете - како дете се смета лице до 14 години.

Впрочем, и од изјавата на судијата, новинарката можела да дојде до информацијата дека станува збор за кривично дело полов напад врз дете, а не за „педофилија“.

Зборот „педофилија“ буквално значи „љубов кон децата“.

Нели е бесмислено сексуалното насилство врз децата да се именува со збор кој асоцира „љубов“?

4 коментари:

Unknown рече...

Хм...
А1 повторно го менува насловот и содржината, така што мојот линк сега посочува поинаков текст.
Испаѓа дека линкот ми е погрешен.
Навистина не е фер - ми делува малку орвеловски...
Не за друго, ќе ме натераат да почнам да им ги снимам вестите. :)

Комитата рече...

"сексуална злоупотреба" е директен превод на "sexual abuse", затова се е получил тоя ефект ;-)

Unknown рече...

Денешен „Дневник“ во написот „Затвор за брачната двојка педофили“ (во текстот пишува „невенчана сопруга“) - тврди дека „Тие му прикажувале и порнографски материјали на уште едно 15-годишно девојче од истото село.“
Прикажувањето на порнографски материјали на лице над 14 години (КЗ така го дефинира „дете“) воопшто не е кривично дело.
Најголемиот шок следуваше во рубриката „Глобус“:
„ВО КОЛОРАДО: Педофил осуден на 508 години затвор“
За секој случај,за да не измислат у меѓувреме лек за бесмртност?
Што е многу, многу е!

Анонимен рече...

- Дали изразот „сексуална злоупотреба на деца“ подразбира дека би можело да има „добра“ сексуална „употреба“ на децата?

Ваљда се мисли на тоа дека сексуален чин меѓу две деца не е злоупотреба?!?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week