Еве што прават нашите воени сојузници, во т.н. „војна против тероризмот“:
„ - Ќе ти кажат „ти си од Ал каеда“. Ако речеш „не“, ќе пуштат струја низ твоите нозе. Ако продолжиш да негираш, тоа трае со часови. Еднаш ме врзаа за да висам во ќелијата четири или пет дена. Често затвораа луѓе во соби каде што е екстремно ладно или жешко.“ (Гвантанамо како лабораторија на Менгеле)
Ова е тврдењето на Мурат Курназ, кој пристигнува во Германија на 24 август 2006, по 5 години минати на Гвантанамо, без никакви докази дека е поврзан со Ал-Каеда.
Иако не ми се допадна многу начинот на кој е снимен филмот „Патот за Гвантанамо“, им го препорачувам за гледање на сите оние што се сеуште убедени дека користењето на техники на тортура може да придонесе за „војната против тероризмот“, за војната против „оските на злото“, за „слобода на Ирак“, и слични прикаски за мали деца.
2 коментари:
интересно е и сослушувањето на дечките од Road to Guantanamo на лондонскиот аеродром од бритаснките власти на враќање од Берлинале-то по добивањето на Сребрената Мечка.
..чисто како попатна тривиа :)
Еве и еден интересен цитат од рецензијата објавена во „Гардијан“:
„The guards behave with the same cruelty you expect to see from SS officers in lurid second world war movies. It takes a moment or two to realise that these events are based on the testimony of the "Tipton Three", not dreamed up by a screenwriter.“
Објави коментар