Православно прекројување на границите?

1/22/2007

„Сè додека не ја исцртаме границата, како круг со креда, од овде до тука и до таму, и тоа во буквална смисла на зборот, со жица, сè дотогаш, во нашата сопствена куќа сите ќе имаат повеќе права од нас самите.“ (Уредникот на „Премин“, во едиторијалот објавен кај Јанко).

Ќе ми објасни ли некој за какво решение на проблемите во врска со „човековите права“ се залага „Премин“? За прекројување на границите? Можно ли е такво нешто да се изведе по мирен пат во денешни услови? Ќе седнеме и мирно ќе се договориме, до тука е „наше“, од тука е „ваше“?

Оградувањето со жици и ѕидови никогаш не било синоним за „човекови права“, туку напротив, потсетува на најмасовните прекршувања на човековите права.

3 коментари:

Анонимен рече...

Не знам што ти текна да ја спомнеш онаа креатура Јанко, но кога веќе го спомна, види што текстови објавува сенародниот трибун и бурекојадач:
http://jadiburek.blog.com.mk/node/64709
А од великосрпскиот неонацист Латас и не очекував нешто друго

Анонимен рече...

Од шизматици неможеш да очекуваш ништо друго освен шизми, т.е. поделби.

А за степенот на шизофренија доволно говори фактот што Јанко во текстот кон кој имаш ставено линк (се излажав да го клинкам) се повикува на Албанскиот Архиепископ Анастасиј. Треба да се знаат 2 работи:

1) Албанската Православна Црква и Архиепископот Анастасиј се дел од вселенската Православна Црква, исто како и Православната Охридска Архиепископија - онаа истата по која Јанко плука.

2) Архиепископот Анастасиј кој ја има возобновено Црквата во Aлбанија по потекло е грк. Има ли подобар пример за тоа дека православието е над национализмот и дека не создава граници и поделби туку ги надминува?

Само, мпц-овци се затворени во некаква си своја „македонска вистина“ (?!) како што самите си ја именуваат, и послабо комуницираат со реалноста.

На крај, како мала хумореска, да видиме кои се мерилата и вредностите на „креатурата Јанко“ - како што вели претходниот коментатор - еве што ти дава како одговор на неговиот блог:
Инаку сестрата е многу интелигентна особа и докажан патриот на оваа земја.

Unknown рече...

„...предговорот на уредникот на Премин, монахиња Макрина, не говори за физички туку правно определини граници кои се однесуваат на морално-етичките норми и закони а кои останаа како floating point во општествово.“ - вели Јанко.
Да се надеваме дека е така, иако се соменавам дека границите на морално-етичките норми можат да се исцртуваат „во буквална смисла на зборот, со жица“.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week