И покрај сите ризици, ќе се осмелам да разликувам неколку блогерски „ориентации“:
1) Литературна ориентација - Етна, Букарски, Јуракот, Дуле Варваринот, мечето УШКО, talent-free, Зглобникот, Таа, Емил Ниами, Вргудинка, Летаргичан, Венера, Зоки Спијач, Антипункт, Вуна, Лукчето, Сивило, НМП ЧИТАНКА...
2) Култур-критичка ориентација - Bi, Мakondo, Schizochronia, Robot Vampir, tv-set on blue, Рибаро, IACOVIBUS, Блогот на ВББ, Moby... Тука, не без скепса, ги вклучувам и критичарите на медиумите: Развигор ;-), Goodbytes, Комуникации... - а би ги вметнал и фотографските блогови - photographic DIARY, photo-soulz, Етна...
3) политичко-новинарска ориентација - .аНТИ, Вуна, Вуна2, Оксиморон, Скопски времиња, Трибун, Канализација, КНСИС, Јади Бурек, Баждарџијата, Волан, Македонска левица, Македонска десница, Филип Петровски...
Специјално би ги споменал, заради нивниот културен придонес:
- Шепард, за својот оригинален придонес во промовирањето на постот како нов реторички жанр, за дизајнерски способности, како и за промовирањето на дијалог помеѓу културите преку неговото учество на меѓународниот блог Topics192.
- Aрхеолошки дневник ©/Археолошки дневник vol.1, Македонска историја и Macedonian Folk Songs - како промотери на македонската култура и наследство.
- РТВ-ВББ - како посебен блогерски феномен кој со организирањето на тематски журки го претвoри својот блог во Радио-Телевизија, со гледаност/слушаност барем колку МРТВ.
- Гершанина - за својот оригинален дневнички стил, како и несебичниот придонес во сексуалното образување на нашиот емотивно неписмен народ.
- Летаргичан - за шприцањето нов дух и духовното облагодорување на македонскиот литературен јазик.
8 коментари:
Умееш убаво да ги дефинираш работите ... кратко и јасно ... не глеам само каде си го сврстал својот блог ???
Поделбата на интересите на еден блогер понекојпат е многу голема ... знам блогери од твојата листа кои под различни имиња на блоговите ги има во две па дури и три листи од твојата поделба ... :)
Како и да е одличен труд ...
.. Знам и јас такви Волан но ова е многу тешка работа за анализа. Жаре, секоја чест за работата.
пс: ја пренесов анализава и кај мене на блог, со краток увод во мој стил ;)
Што не кажуваш дека ќе држиш сесија, ќе се потрудев повеќе да не морам да бидам на работа.
Ај здравје, ќе муабетиме утре, планирам да дојдам.
Фала на коментарите и поддршката.
Да беше работата за кажување, ќе кажев.
За жал, можевме со АСН да поканиме само неколку блогер(к)и, оти конференцијата беше од (полу)затворен тип.
У секој случај, Шепард, Би и Макондо не мониторираа - така да имате објективни сведоци дали добро сме ги презентирале културните достигнувања на блогосферата. :)
blogovi se za luzeri. :) ...realno... ne deka jas ne sum...ama objektivno...
„blogovi se za luzeri. :) ...realno“
- Блоговите се за лузери - виртуелно :)
све супер, но има еден блог(ер) што не знам каде би бил сврстен (можеби во литературната секција :), за кој ми е искрено криво што престана да постира, пошто искрено ме смееше, која активност (смеата) за мене е смртно сериозна потреба . :)
www.sneskocool.blog.com.mk
Krajno vreme e da se organizira i konferencija koja celosno bi bila posvetena na blogologijata. Togas bi mozele da se obrabotat i site drugi aspekti na ovoj nov participatorski medium za komunikacija, produkcija, kritika itn. Vo sekoj slucaj, sekoja cest za "preveduvanjeto na jasnesumjas" -na blogot kako medium na jazikot na edna konvencionalna konferencija. A da, i welcome na blogot kako medium za prezentacija - Power Point prezentaciite izgledaa "so over".
Објави коментар