(Се чувствувам како да туркам пијано на Водно)
Ме потсети Милчо на една случка од детството:
На последниот час од годината, во петто-шесто одделение, наставникот по математика вложува крајни напори да му ја поправи единицата на едно другарче.
Прашањето за двојка е: „Каква геометриска фигура е коцката?“
Другарчето со константна единица почнува да мисли, да дума, да пусти... Ваква шанса не се пропушта. После 3-4 минути макотрпно размислување (во училницата гробна тишина), на лицето на другарчето му светнува сијалица. Лицето му зрачи со еурека-насмевка, а од неговите усни излегува незаборавна дума:
„Плочаеста!“
1 коментари:
Ако кругот може да биде и малку тркалезен, тогаш и коцката може да биде малку „плочаеста“ - колку за двојка :)
Објави коментар