Во отсуство на сексуално образование, токму порнографијата сексуално ги воспитува младите:
„Воведувањето порнографија во училиштата заслужува внимание, барем исто толку колку што заслужи предлогот за воведување веронаука.“ (Порнообразование)
А наместо порнографија и веронаука, конечно да почневме да размислуваме на тема - сексуално образование!
Учениците, а богами и родителите, имаат реална потреба од сексуално образование - образование за сопствените сексуални права и одговорности, за факторите на сексуалното здравје, за тоа како да се заштитат од несакана бременост и од сексуално преносливи болести.
Погледнете ја само анти-кампањата за сексуална различност објавена на страниците на битолското списание „Култ“.
За некои битолчани постојат само три типа на сексуалност.
Очигледно, некои сеуште знаат да бројат само до три.
Предлагам, во учебникот за сексуално образование да има посебно поглавје - сексуална математика.
2 коментари:
Сакам да искоментирам на темава, ама навистина не знам што паметно да кажам, освен дека „стручната јавност” цитирана во повеќе наврати по веснициве, во врска со видео клипот во школо, се предава уште пред да ја започне борбата.
Како може да се рече од тоа нема бегање, резултат е на тоа и тоа и крај, проблемот е решен, ќе го оставиме сам да се излечи.
Катастрофа еј, и сеуште со оние стереотипи дека насилството на ТВ предизвикува насилство на улица. аман.
еве на последнава тема погледнете го трејлеров од овој документарец.
http://video.google.com/videoplay?docid=-121483320603647658
За жал, не сретнав некој досега да го третира случајот од правен аспект.
Објаснувањето на полицијата е безмалку трагично - ако се има предвид дека таа би требало да дејствува кога има основа за сомневање дека е сторено кривично дело.
Вака испаѓа дека нема основа за полициско постапување кога некој шири снимка во која две лица (најверојатно малолетни), задоволуваат полови страсти пред други лица - во училница; односно, за злоупотреба на малолетно лице за изработување на аудиовизуелни слики или други предмети со порнографска содржина.
Никој не ги чепна постојните законски одредби и потребата од нивна промена.
Објави коментар