После нападите на МАССО, еве ја и јавната одбрана на „угледниот психијатар“ Чадловски: „Угледниот психијатар тврди дека нападот врз него нема никаква основа, бидејќи не е точно дека во неговите книги хомосексуалноста се третира како болест или растројство. - Во мојата книга „Медицинска психологија“, која не се однесува на психијатриските болести, зборувам за непобитниот факт дека сексуалниот нагон по својата природа е хетеросексуален, поради инстинктот за продолжување на видот. Се разбира, постојат инверзии на тој нагон, но тоа не значи дека нив ги третираме како болест. Тоа никаде не го пишува во моите книги - тврди Чадловски.“ (Чадловски: Ова е цензура и линч! )
Не било точно дека во неговите книги хомосексуалноста се третира како болест или растројство?!?
Ве молам, прочитајте сами што пишува Чадловски („Растројствата“ на проф. д-р Чадловски): )
„Хомосексуализмот претставува најчесто растројство на сексуалниот нагон...“
„Хомосексуалноста е најчесто конституционално условен, па затоа и тешко може да се лекува.“ (Од неговиот учебник „Медицинска психологија“, Просветно дело, 2004, стр. 175).
Ако е Чадловски во право дека не ја третира хомосексуалноста како болест, зошто воопшто дава оценка дека „тешко може да се лекува“? Има ли смисла да се зборува за лекување на нешто, ако истото не се смета за болест?
Меѓу другото, Чадловски тврди: „Јас немам никаков спор ни со Светската здравствена организација ни со доктрината, а најмалку со лекарската етика.“
Но, гледиштата на Чадловски се во директна спротивност со доктрината на СЗО. Доволно е да се погледне книгата издадена од СЗО - The ICD-10 Classification of Mental and Behavioural Disorders – за да се увиди хомосексуалноста не е вклучена во категоријата „растројства на сексуалната преференција“ („Растројствата на сексуалната преференција се јасно разграничени од растројствата на родовиот идентитет, а самата хомосексуалност не е веќе вклучена како категорија“, стр. 11).
Оттаму, Чадловски (потпишан на книгата и како „директор на клиниката за психијатрија“) го прекршил лекарскиот кодекс, имајќи предвид дека „насоките на Светското здружение на лекарите и Светската здравствена организација, се задолжителни за сите лекари на Македонија“. Чадловски не може да се правда дека не го знаел начелото на Светската здравствена организација, дека самата хомосексуалност не е веќе вклучена во категоријата растројства, затоа што лекарите се должни „да ги познаваат начелата и да ги применуваат при вршењето на секојдневните работни и општо-човечки обврски“ (член 112 од КОДЕКС НА МЕДИЦИНСКАТА ДЕОНТОЛОГИЈА).
Како тогаш би можеле да го објасниме мистериозното тврдење на Чадловски дека „Тоа никаде не го пишува во моите книги“, кога е и повеќе од јасно што пишува на скенираната страница од книгата на „угледниот психијатар“?
Тврдењето на Чадловски „Тоа никаде не го пишува во моите книги“ може да се толкува и како симптом дека „угледниот психијатар“ изгубил контакст со реалноста, имајќи предвид дека и дете од прво одделение може да прочита како тој ја третира експлицитно хомосексуалноста како растројство, а имплицитно како болест. Покрај тоа, Чадловски е убеден дека „во случајов станува збор за обид за денунцирање од страна на негови колеги“, што е недвосмислен симптом на параноја. Ако на ова се придодаде и неговата фиксација дека некој него сака да го „цензурира“, тогаш се собираат неколу симптоми кои можат да бидат мошне индикативни за менталното здравје на „угледниот психијатар“.
Останува да се надеваме дека „угледниот психијатар“ нема да падне во рацете на некој негов тврдокорен следбеник, кој ќе му препише како терапија електрошок – метод кој според „угледниот психијатар е „блиску до идеалниот лек“ (Кому му треба „електрошок“?)
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
5 коментари:
Јако!
Не се потпишувам од страв од докторска освета. Кујзнае како и кога може чоек да им падне у раце.
Значи Жаре,да се надоврзам...параноидниов синдром на Чадловски веројатно претставува резултат на мегаломанските авторитарни апетиции толку мн карактеристични за нашиве великомакедонски квазинаучни работници. и уште еднаш, потврда за неверојатниот субјективен инпут на едно параноидно и центрирано его во рамки на научната дискурзивна практика.
од друга страна, оваа негова реакција е еден голем чекор во ревизијата на веќепостоечките термини во психијатријата-дами и господа, мистер Чадовски АКА Заратустра, новиот рушител на таблите. Мислам, по се изгледа дека тој сака да ги реевалуира термините инверзија и растројство (т.е. нели дека не значат болест) во рамки на психијатријата.Да не сака случајно Чадловски да го внесе концептот за Квир во психијатријата? Батлер би била пресреќна!
или пак му залутало алтер егото на Чадловски, јас мислев дека ова го правеа само писателите на почетокот на 20век (веројатно тој сака да ја адаптира и литературната теорија во психијатријата- авторот не е истиот субјект со нараторот/или лирскиот субјект). Во иднина му препорачуван консултации со Ката Ќулавкова.
и за крај, ако некој цензурира и линчува, тоа сигурно е самиот тој-Достоевски е жив?- Големиот инквизитор, алијас Мисје Чадловски.
Ако добро се сеќавам, Американската Психијатриска Асоцијација уште од седумдесеттите години на минатиот век не ја третира хомоексуалноста како болест, значи не е само СЗО. Мене ми изгледа како некој да не сака да согледа одредени научни факти, намерно. Штета што имаме закоравен систем кој дозволува еднаш да се укопаш во фотелја и никој да не може да те извади од таму до пензија, па и после тоа. Тоа важи и за медицинската фела.
Мањифико е педер. :-)
"Мене ми изгледа како некој да не сака да согледа одредени научни факти, намерно."
Mozda e i nenamerno.
A shto ako Chadlovski e podelena lichnost? :)
вие нормални ли сте! Хомосексуалноста е тешко растројство-болест и треба да се лекува....
Објави коментар