„ММЕ кој прв почна“?

4/30/2007

Читам во „Дневник“ и не ми се веруе:

„Создавачот на првата македонска држава во новата ера, цар Самуил, исто така ќе добие споменик.“ (Цар Самуил ќе добие споменик во Охрид).

Ај објаснете ми, ви се молам, како може истовремено да се тврди дека Самуил ја востановил првата македонска држава (976-1018), и да се пишува за македонската држава од времето на Филип II? Ако Самуил прв создал држава, тогаш што правеле античките Македонци дур до Индија? Или таа држава не ја признаваме?

Ич не ми е јасно, исто така, како тоа сите поважни енциклопедии го поврзуваат Самоил со Бугарија, а не со Македонија?

Дополнителна збрка создаваат историските „прикаски“ дека главниот политички ривал на Самуил, Василиј II, нагалено го викале „Б’лгароубиецот“ или „Македонецот“ (како припадник на македонската династија).

Како да му објасниш сега на дете од основно училиште дека „македонски“ император ја сотрел „првата македонска држава“ ослепувајќи 99,102% од заробените војници на Самуил?

Како капак на се, што мајка бара сега Црешовото топче во Авганистан? Да ја симболизира нашата софистицирана воена техника или уште еден наш голем историски пораз?

Црешовото топче беше употребено за одбрана на „Крушевската република“!
Ќе дозволиме ли сега да стане окупаторски симбол?

7 коментари:

Анонимен рече...

Pa so ne ti se verue gleas deka pisue u novata era

Анонимен рече...

А посебна гордост е тоа да се фалиме како 14.000 (според легендата) си стоеле мирно да им ги копаат очите.
Сега се повторува тоа, за жал.
Еве си на Кајмак.от

Анонимен рече...

па ваљда зборовите “во новата ера“ се доволни за да се сфати дека новинарот не мисли на првата македонска држава ever, туку како што и си пишува- во новата ера? или работава е само да се бараат “раски во очи“?
за останатите дилеми немам никаква компетенција да се произнесувам. само тешко ми е да сфатам како е википедија релевантен научен и информациски извор за историски факти. во ситуација кога е слободна за апгрејд од сите свои корисници.

Анонимен рече...

А и дневник и мајмаседониа.нет :)

Анонимен рече...

Жаре-булгар-татар. Па како се множите толку, мајку ви татарску?

Unknown рече...

Ај проверете дали децата учат на школо дека тоа е „првата македонска држава во новата ера“.
Читнете малку и од МАНИФЕСТОТ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:

„Македонски народе,
Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денес првото Народно Собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел свет полната национална слобода на македонскиот народ во ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Вековниот идеал на македонскиот народ се постигнува. За прв пат после Самоила македонскиот народ створи своја сопствена држава;...“
Ако е истовремено - "За прв пат после Самоила" и „ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА“ - дали можеби Самоиловата држава не била „слободна македонска држава“, или јас си имам проблем со логиката?

Unknown рече...

Денеска прочитав некое писмо во весниците во кое се демантираше дека ваков предлог бил усвоен од Советот на општината?!?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week