„Цврстината на доказите“ на МВР

4/19/2007

А, сега испаѓа дека немало поткуп, туку посредување: Докиќ обвинeт за посредување, а не за земање поткуп.

А тоа што човекот веќе беше осуден од јавноста и МВР за земање поткуп?

Што правиме сега?

Кривичниот законик (чл. 175) вели дека е кривично дело ако некому му префрлиш дека сторил кривично дело, со намера да го омаловажиш. Ако делото е сторено преку медиуми, казната е построга.

Дури и докторот да биде осуден за делото што сега му се товари, тој ќе има можност да ги тужи МВР и медиумите за клевета, затоа што тие тврдеа дека зел поткуп, а евентуалната пресуда би го товарела за нешто друго.

Што стана со цврстината и непобитноста на доказите на МВР и убеденоста на медиумите?

До кога бре - МВР те тужи, МВР те суди, со амин на медиумите?

1 коментари:

Unknown рече...

„- Ако навистина се потврди дека обележаните банкноти „испариле“, министерката треба да понесе целосна одговорност за монтирањето на овој случај и да им се извини не само на Дејан Докиќ, туку и на целата македонска јавност за оваа страшна манипулација - рече на вчерашната прес-конференција, потпретседателот на ЛДП, Андреј Жерновски.

Обвинителството, посочи Жерновски, поднесе обвинение против Докиќ, без да ги спомне обележаните 300 евра со кои тој беше уапсен во својот кабинет.“ (Дневник, ЛДП: Аферата „Докиќ“ неуспешна монтажа)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week