„Грбот и знамето не можат да се употребуваат како стоковни или услужни жигови, модели, ниту како кој и да било друг знак за одбележување на стоки или услуги.“ (Чл. од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија“, Сл. Весник на РМ 32/97)
Што мислите, дали рекламата на „Подравка“ го прекршува законот или пак мошне интелигентно го заобиколува?
Дали следнов аргумент е прифатлив: „Кај гледате тука знаме, кога на рекламата има само домати, моркови и кромид?“
Што би направиле вие?
1) Би ги казниле за комерцијална злоупотреба (со парична казна од 50.000 до 300.000 денари).
2) Би ги нарадиле за најпрониклива реклама.
5 коментари:
Коментаров нема врска со текстот, али морав ова да ви го покажам = http://wwp.greenwichmeantime.com/time-zone/europe/serbia/
Па добро бе, пичка ли му материна, како тоа јас да не знам дека одеднаш Србија станала толку мала?????????
Мислиш дека креатортите на рекаламава знаеле дека е казнива употребата на знамето?
Се сеќавам на еден уметнички проект каде знамето и неговите бои беа главниот мотив, и имаше доста стилизации, ама не можам да се сетам дали имаше некој модел (станува збор за облека) кој беше толку еднаков на самото знаме.
Јас не гледам ништо страшно тука. Не можам да го толкувам законот, но ова не би требало да биде прекршок. Се надевам дека законот не е толку ригорозен.
Не затоа што рекламата не е „стоковни или услужни жигови, модели, ниту како кој и да било друг знак за одбележување на стоки или услуги“.
Рекламата е реклама, а не знак за одбележување.
„Рекламата е реклама, а не знак за одбележување.“
Прашањето е дали во рекламата е употребено знамето, и дали во случај да е, таквата употреба е согласно законот.
Ако знамето може да се употребува и во рекламни и други комерцијални цели, тогаш практично - секаде и секогаш може да се употребува.
Објави коментар