Денеска излезе првиот број на новиот политички магазин „Глобус“, кој „ја следи естетиката на познатиот загрепски магазин“.
И не само естетиката, туку според главниот и одговорен уредник Бранко Тричковски, „тоа може да се каже и за идејните насоки на концептот“.
Со други зборови, нашиот „Глобус“ е во секој поглед имитација, почнувајќи од логото, преку структурата и естетиката.
Оригинална ќе да е само формулацијата „идејните насоки на концептот“ чие значење допрва ќе се проучува од специјален експертски тим на МАНУ.
Покрај старите излижани фацки од „Утрински“ и „Пулс“ вистинско освежување е колумната на Јасна Котеска „Метрополис П&О“ во која Јасна јавно дава одговори на „прашања за општествениот, љубовниот и сексуалниот живот“.
Како за почеток, ми се допаѓа дистинкцијата помеѓу „љубовниот и сексуалниот живот“, а и една реченица од одговорот на мистериозното прво прашање:
„Животот, а особено љубовниот, е бокс меч во илјада продолженија“.
Да видиме колку продолженија ќе издржи „Глобус“.
11 коментари:
јасна е вака, општо земено, за почит, али не ќе да е нејзиниот прилог баш автентично освежување. Кој чита Глобус загрепски, ќе знае за Сексополис П & О на Милана Вуковиќ (и уште едно презиме) , кој во “идејните насоки на концептот“ е поприлично како Метрополисов. Можда за нијанса по “интелектуален“ :).
А и Ѕвездан е баш ко Тања Торбарина на прва страна! :)
Како што реков, нашиот „Глобус“ е во секој поглед имитација, па и во рубриката „Метрополис П&О“, реплика на колумната Seksopolis P&O на Milana Vuković Runjić.
Меѓутоа, што се однесува до „идејните насоки на концептот“, забележлива е една драстична разлика.
Загребскиот „Глобус“ се вози на концептот на „истражувачко новинарство“, а во нашава лоша реплика аспектот истражување е нај-тапа (за разлика од „Фокус“, каде што добар дел од сториите се истражувачки - квалитетот е друга приказна).
Кога велам дека за мене Јасна е вистинско освежување, пред се го имам предвид досадното друштво од „фотељашки“ пискарала кои пополнуваат најголем број од страниците на Глобус.
Очекував копија, ама и нови имиња, вака... Очајни домаќинки!
Плус поубави се.
А за истражувачко новинарсто, треба да спроведеме истрага за да го најдеме кај нас.
тезите на васил мицковски, поготово во делот за русија треба да се интересни за овој блог...како фино он би ги жртвувал човековите слободи и права за “мајка русија“ да остане во целост, пошто-зашто...
иначе,интересно ти е ова со истражувачкото новинарство на фокус наспроти останатите “фотељаши“...
Како што е во сите сфери на општествениот живот, така е и во новинарството. Досегот на етаблираните новинари („старите излижани фацки“ или како што самите се нарекуваат, „врвните новинарски пера“, „доајени“, бла-бла-бла...) во Бившата Југословенска Република Македонија е до Загреб, со попатно застанување во Белград и оргазмичко воодушевување од „истиот“. И секако „ставање рука у огин“ за способноста на словенците, ама пусто не ги разбираат.
Така што и не ни очекував нешто од нив.
„А за истражувачко новинарство, треба да спроведеме истрага за да го најдеме кај нас...“
Многу интересна ти е идејава.
Не е лошо и навистина да спроведеш блогерска истрага на тема „истражуачко новинарство“ - така ќе ги удриш темелите на истражувачкото блогерство кај нас :)
Ako ne se lazam, 90 procenti od "pero-lesnata" kategorija novinari od "Globus" i "Utrinski" se zreli za lustracija.
На кратко се изјаснив кај мене на блог, ама еве сега да дополнам со моите првични впечатоци.
Дизајн недоволно добар, фотографии од нет зголемувани цели во коцки лошо обработени, ич неубаво.
Многу печатни грешки внатре. Недозволиво многу.
И најглавно најголемите текстови (кои нели треба најважни да бидат) се базираат на „наши извори” и на „познавачи”.
Патем, истражувачкото блогерство е родено ;)
jas uste vo start bev malku skeptik okolu ova, bidejki ne mi se svigja globus ("orginalot") :) neshto osobeno... edinstvena svetla tocka mi bese sto tamu ke pisuvaat ex-puls novinari, a ne onie shto rabotat vo zabavnata rubrika na utrinski :)
se nadevam deka podobri ke bidat slednite broevi, od ovoj najmnogu mi se dopadna na nebojsa jakonov textot.
Е, да. Ова е само прв број.
А првите мачиња... :)
За жал не успеав да го видам, си заминав пред да излезе првиот број. Само коментар дека е копија на хрватски глобус, колку што јас знам и треба да биде копија на хрватски глобус. Имено газди на хрватски глобус се ВАЦ како и на утрински (што значи и на македонски глобус) па сфатив дека идејата е да направат нешто слично што прави Свет на пр.
Објави коментар