Секоја јавна омраза против друга нација или култура, особено кога станува збор за земја членка на ЕУ, само не оддалечува од нашите политички амбиции да станеме полноправна членка на ЕУ. Погледнете го само најновиот ксенофобичен истап на „Јанко национале“, во кој Бугарите ги претставува како „Татари“, „криминалци“, „шпиуни“, и „перверзни“(како и „Европа“), „шизофреници“:
„Бугари, Булгари, Татари, и уште сто имиња за себе и својата земја, тоа е слика на криминалец. Само криминалец има повеќе имиња, само шпиунот постојано си го менува името и идентитетот и ако некој му го открие, ќе биде егзекутиран. Перверзијата и е блиска на Европа, за жал, но тука е коренот на нивната природна симбиоза со бугарското општество. А чудна работа, оваа наша македонска земја секогаш имала едно име и едно име на нејзиниот народ. Никакви варијанти, разни изговори или антички праимиња, нема ништо, отсекогаш сме биле и сме се викале Македонија и Македонци. Проверете ја само лепезата на називи на сите околни, па и подалечни земји, чиста шизофренија.“ (Нашите мили Бугари)
Кој е во случајов „шизофреник“? Кој има извртена слика за реалноста?
Тој што заборава дека „...и нашата земја благодарејќи на ТИЕ околу Глигоров си доби и други имиња ...ФИРОМ, Скопја...“ (како што му укажува staromakedonec во коментарот на Јади Бурек)?
Тој што халуцинира дека „отсекогаш сме биле Македонци“, игнорирајќи го фактот дека според преамбулата на Уставот, носител на суверенитетот на Република Македонија не е само „Македонскиот народ“ (како етнос) туку и „граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“?
Човек треба да е ептен историски неписмен за јавно да тврди дека „отсекогаш сме биле и сме се викале Македонија и Македонци“.
За жал, популарниот Јанко е типичен продукт на нашето (без)образование и нашата медиумска (не)култура - фактори кои што не оддалечуваат од ЕУ, наместо да не приближуваат.
8 коментари:
Disklejmerot na pocetok mu e jak! :) Gospodi boze sto sve dise vazduh. I posle bea ludi koa sakaa da go pratat na lekar. Prosta masa brej!
ајде фино, што го подбра... за жал, ова е само еден пример од богатата кариера на бладања... па и ова е малку...
Стварно за жал... уште пожално е што овој брилијантен исцедок на мудроштина ќе ја попали ордата следбеници...
а после ќе се редат пред бугарска амбасада за визи...
Този текст е толкова тъп и елементарен, че не подлежи на коментар. Единственото, което мога да кажа, че това е пример за сегашната македонска журналистика.
Хесапов
Сепак, Јанко е јавна личност, без разлика дали некому се допаѓа или не.
Секој јавен изблик на ксенофобија и нетолеранција заслужува јавна реакција.
Еднаш оддамна, си ветив дека нема да го коментирам Јанко и неговите “мудрости“ , но пред ова не можев да останам рамнодушен.
Текстот му е уште еден во низата негови изблици на “патриотизам“ т.е. квази-патриотизам, зачинет со мирудиите на нео-национализмот. Тажно е што во 2007 сеуште читаме/слушаме/гледаме вакви реакции, од “јавни“ личности , кои во конкретниов случај дури и се сметаат себеси за интелектуалци, за носители на постмодерната во Македонија. Мижи асам, да ти баам работава.
Добро е познато, дека јавното истакнување на вакви нетолерантни, ксенофобични ставови, му имаат донесено само НЕСРЕЌА на овој дел од Европа, т.е. на Балканот.
И за крај, да не должам повеќе, доколку “ценетиот“ Јанко го чита ова што го пишуваме, еве му еден извадок од “Пиреј“ на Петре М. Андреевски :
“Се разбираме некако со Витомира. И еба го, не ќе се разбереме! Оти да не се разбереме? Тукуречи исти зборови зборуваме. Само тие ги вртат наонаму, а ние наваму зборовите. А некогаш, во старо време, сите сме биле едно исто гомно, иста лепешка. Ама поминала некоја кола и со колцата ја пресекла лепешката надве, па поминала друга кола и пак ја пресекла лепешката. И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... Сите ги видов овдека и сите исто смрдиме.“
Keep the fight for equality!
Дека Јанко не го бива не го бива. Проблемот е само што нема кој да му каже. Кај него на блог само неговата багра чита и коментира, кај тебе исто. И на крајот од денот сите нашле подршка и сите се уште поубедени во своите ставови одошто биле. И сите сме среќни што големата блог-демократија ни овозможува таква стимулирачка размена на мислења.
Сатаниел, оти така - ете ти не си багра, а искоментира на овој блог!
Објави коментар