Хашкиот трибунал и именувањето на Македонија со „FYROM“/„БЈРМ“

4/16/2007

Република Македонија треба да вложи официјален протест до ООН и ICTY заради употребата на т.н. „акроним FYROM“ во контекст на судењето против Бошковски и Тарчуловски, како и во сите други соопштенија на ООН.

Имено, употребата на „FYROM“/„БЈРМ“ од страна на судот во Хаг, претставува флагрантно прекршување на резолуциите на ОН, во кои никаде не стои дека на нашата земја провизорно ќе се реферира како на „FYROM“, туку како на "the former Yugoslav Republic of Macedonia".

Со користењето на „FYROM“ („the Ministry of the Interior of FYROM“) во известувањата за медиумите, се добива впечаток дека судот во Хаг практично застанува на едната страна во т.н. „спор за името“ помеѓу Македонија и Грција, со што однапред се фрла сенка врз непристрасноста и независноста на трибуналот.

Покрај тоа, имајќи предвид дека на документите стои грбот на ОН, се добива впечаток дека ОН ја легитимираат употребата на грчката измислица „FYROM/БЈРМ“, наместо "the former Yugoslav Republic of Macedonia".

5 коментари:

Анонимен рече...

Тешко дека државата чита блогови.

Unknown рече...

Море чита, чита.
И блоговите имаат уши... :)

Анонимен рече...

Ургирам кај Боцевски (тој чита сигурно:) да скрши лав муабет кај Антонио... :)

Анонимен рече...

можеби сум параноична и претерано сомничава, но еве, провери си сам...
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1073&ArticleID=70304

особено во делот каде што се цитира “анонимниот извор“...
не ти се чини дека wording-от е премногу сличен на твојот пост, а да би било коинциденција?
или можеби си инсистирал да останеш анонимен? :)

Unknown рече...

Ете, некој ќе си прочита блогче, ќе те прогласи за „анонимен извор“, и ќе си направи поента:
"Според одредени извори, кои сакаат да останат анонимни, ова е преседан и флагрантно кршење на Резолуцијата на ОН, на што Македонија треба соодветно да реагира кај надлежните меѓународни институции.
- Со користењето на „ФИРОМ“ се добива впечаток дека судот во Хаг практично застанува на едната страна на спорот за името со Грција, со што однапред се фрла сенка врз непристрасноста и независноста на трибуналот - вели изворот. Тој додава дека ако на ова се додаде дека на хашките документи и соопштенија стои грбот на ОН, уште еднаш се потврдува впечатокот дека оваа организација ја прифаќа грчката измислица - акронимот „ФИРОМ“." (Време)
Ако, де, не им се лутам, иако никој не ме контактирал од „Време“.
Не ми е јасно само кои се тоа „други експерти“ што тврдат дека „некаде земјава се именува со нејзиното уставно име, иако во рамките на Светската организација е влезена под референцата „ФИРОМ““.
Е, на тие би им мавал чврги по глава...

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week