Шетајќи едно дождливо попладне во Охрид, се потсетив на митолошкото верување за виножитото: „Ако пак некој успеел да помине под него или да го прескокне, ќе си го сменел полот.“
Ех, кој не посакал барем еднаш во животот да биде од „спротивниот пол“?
Шетајќи така задуман, здогледав паралелно две виножита.
И, сега, што ќе се случи ако прескокнеш или поминеш под две виножита?
Ќе си го смениш и полот и родот? Или ќе се претвориш во двополово суштество?
А што ако наместо двополово, станеш бесполово суштество, нешто како ангел?
Веднаш тргнав накај Велестово, ама двете виножита упорно бегаа и бегаа...
8 коментари:
Поарано да го бараш крајот на виножитото, таму има грне со златници, вели народот.
Народот вели и „Не е злато се што сјае“. А има ли нешто посјајно од виножитото? :)
Ako pomines pod 2 vinozita, site dobri cuci na koi se palis ke go promenat polot. Pa sea ti vidi dali ti se rizikue :)
Nemoj samo da te chujat psihijatrite, oti odma ke pochnat so primena na terapija za konvertiranje na homoseksualci: "trchanje pod vinozzita" :)
A vprocem, neli e znameto (neoficijalno, ili oficijalno) na homosexualcite tokmu vinozito? :))
Што па си тргнал да ги бркаш виножитата?!? Денес е барем лесно да го смениш и полот и родот.
Или сакаше да го провериш митот?
"Денес е барем лесно да го смениш и полот и родот."
Митот за виножитото ја илустрира идеологијата на ригидниот двопартиски полов систем.
Демек, невозможно е да го смениш полот, како што е невозможно да поминеш или да го прескокнеш виножитото.
Си реков, ако денес е можно да го смениш полот и родот, тогаш можеби може веќе и да поминам под дуплото виножито :)
Jas nikogas ne sum posakala pod vinozito da pominam, samo sakam da go gledam, ponekogas koga ke nacekam vinozito. :-) Tolku! :-)
Објави коментар