Црквата почна отворено да се меша во политичкиот живот користејќи „верски аргументи“:
„Македонската црква им даде духовна поддршка на двајцата Македонци, спроти процесот против нив во Хаг, оценувајќи дека со тоа ќе им се суди и на сите бранители на Македонија во 2001.“
„Љубе и Јохан нека бидат горди зашто верувајќи во нивната праведност, нивниот суд го прифаќаме и како наше судење и судење на нашата татковина. Тие, и другите со нив, ја бранеа својата земја и својот мирољубив македонски народ, а никогаш и никаде не е грев да се брани својата татковина“, рече поглаварот Стефан.“ (МПЦ со поддршка за Бошкоски и Тарчуловски)
Судење на нашата татковина?
Никогаш и никаде не е грев да се брани својата татковина?
А што стана со библиската заповед „Не убивај!“?
МПЦ како да го губи разумот.
Прочитајте само како „аргументира“ Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил:
„Без народ нема држава. Без држава нема опстој на народ. Без народ и држава нема опстој на автокефална црква. Без црква нема опстој на народ и на држава, од причини што не може да се доживее полнотата на слободата, државотворна, национална, културно-просветна и духовна. Македонскиот богољубов народ и држава го претставуваат нашиот македонски организам, нашето тело. Македонската црква е нашата македонска душа.“ (Без Македонската Црква нема опстој на народот и на државата)
Јас не сум христијанин (не сум воопшто верник), а сум Македонец.
Знам дека не сум единствен.
Има полно други Македонци кои не се верници, има полно Македонци кои не се христијани, има полно Македонци кои не се православни христијани, а има и доста Македонци кои се православни христијани но кои не се припадници на МПЦ.
Тезата дека македонскиот народ и МПЦ се едно и исто е теза која предизвикува национална нетрпеливост помеѓу Македонците кои се припадници на МПЦ и оние кои не се.
Тезата дека македонскиот народ и МПЦ се едно и исто е симптом за умирањето на рационалноста во Македонија, како резултат на десекуларизацијата на државата.
7 коментари:
страва и ужас!
Eh pusta demagogija.
Наместо да се зафатат со нивните изворни прашања и чистење на ѓубрето под нивните нозе, прибираат дневно политички поени.
Не ме гледај што правам, слушај ме што зборам.
За Лјубе и Јохан, неминовно ке треба да се реагира, ако видиме дека процесот е политички обоен.
Такви најави додуша веке има. Во една точка од обвинението лезбејката напишала:" Ги тепале мирните албанци" Мирните албанци им ја дереа кожата на немирните Македонци. Но ајде прво да видиме, како ке се одвива. За изнудени шаради секогаш има време.
Целиот тој трибунал е една голема фарса. А ќе ја цитирам Исток со нејзиниот коментар кај бунка: "...Молидбен не се прави пред тв камери ( “влези во својата најскриена соба во својата куќа и помоли му се на Бога и не прави гозба од ова“ му кажал +Исус на таткото чие девојче го вратил во живите)..."
"МПЦ како да го губи разумот."
Хммммм...а Земјата е округла! :))
Како да го губи?! Каде и кога воопшто имало РАЗУМ во таквите первертирани институции?! Таму има само интереси; како што се менуваат тие, се менуваат и идиотштините. Разумот таму не ни стапнал.
МПЦ во моментов го живее својот момент, а ти Жаре се „дрзнуваш“ да и го пореметиш тоа ;)
Јавна бламажа се панихидите и слични чуда во чест на „хероите“. Незнам што докажува МПЦ?.. На кого, на Карла?.. нас ни кажува патронство?... на Владата и се заблагодарува на нонсенс воведувањето на веронаиуката?...
пс: Христијанин сум - МПЦ е моја куќа, ама ова е врв на глупост
секој чест, пријателе.
глупост си е глупост.
Вија не се нормални бе. Најмногу што ме дразни е ова:
„Љубе и Јохан нека бидат горди зашто верувајќи во нивната праведност, нивниот суд го прифаќаме и како наше судење и судење на нашата татковина.„
Го прифаќаме нивниот суд?! wtf?!Работава, еден народ, една нација, еден водач. Ако Љубе греши, грешиме сите. Немасто да се трудиме да се отарасиме од вината на неколку вжесштени глави, ние со сила ја преземаме врз нас. Не се нормални, не се нормални, Господи прости им, овие тоталка не знаат што прават.
Објави коментар