Зошто „Македонија“, а не „Македониа“?

4/05/2007




Никогаш не ми било убедливо граматичкото правило за употреба на „ј“ помеѓу „и“ и „а“, особено во случај на зборот „Македонија“.

Така, бев мошне пријатно изненаден кога во првите пишувани и печатени документи на АСНОМ-ската држава открив дека се употребувало „Македониа“, напоредно со „Македонија“ - употреба која подоцна надвладеала.

На фотографиите можете да видите неколку интересни примери за употреба на „Македониа“:

1) Логото на весникот „Нова Македониа“;

2) Извадок од записникот на президиумот на АСНОМ од 01.01.1945;

3) Од „Програмата за историата на македонскиот народ во гимназиите“, Државна штампарница „Гоце Делчев“, Битола, 1945.

Зошто не би си го вратиле „Македониа“, наместо „Македонија“?

Ем е посимпатично, ем злобниците нема да имаат никаква основа да не викаат „Македониџа“.

13 коментари:

Анонимен рече...

Многу пати сум размислувал на иста релација, интересно би било да се чуе мислењето на некој лингвист околу ова... уште повеќе ако се има во предвид дека на латиница - меѓународно името го пласираме како: Macedonia. без „ј“ токму поради избегнување на МакедониЏа.

Анонимен рече...

Па и на грчки е Македониа. Може така кје се закачиме после ептен со грчинјата.
А гледам и МетодиЈа е Методиа. А „ќ“ е „кј“ и „њ“ е „нј“. Што е и практично во денешно време кога имејлите и есемесите ги пишуваме претежно на латиница:-)
Е, а и цената е во левови. И тоа кје го вракјаме??? Неее... Сепак одиме кон еврото. Бавно:)

Unknown рече...

Не знам дали приметивте во стенорамот (фото 2), „Македонци“ е напишано со голема буква, а „албанци“ и „турци“ со мала.
А на фото 3, „македонци“ е напечатено со мала буква, наспроти правописот наш денешен.
Инаку, дефинитивно сум за Евро.
Па и за „Евро-Македонци“.

Комитата рече...

Супер си е старият правопис.. разбира се всичко, няма нестандартни букви, думите се четат нормално ;-) Защо след това македонският литературен език преживява такава еволюция е интересно да се изследва

А левовете - не знам, след 3-4 години може нито една държава в света да не ги употребява, тогава сигурно можете да ги ползвате .. като "лавови" ;-)

Анонимен рече...

Не знам Жар да ли си го читал текстот "Fantastik Futchr for English". Ако не си, потсети ме да ти го препратам. Не знам зошто (у ствари знам:)) ме потсети твојот пост токму на тоа.

ОК да не давам многу, поенатата ми е следна: не сум за тоа наменски да се менува јазикот, особено оние touchy категории како името, токму поради touchy ситуацијата во којашто сме. Јазикот си има свој пат на еволуција, или барем треба да ја има кога веќе се СТИГНУВА на дадено ниво. Значи, не капирам како можеш да мрчиш за "емисија", "евалуација" етц, а да даваш ваков предлог. :)

Ај, го затапев овој пат. Ѓоа Сузана сум :)

Unknown рече...

„Јазикот си има свој пат на еволуција...“
Некои велат - еволуција, а некои - револуција со резолуција :)

Анонимен рече...

А исто така е интересно да се истражи зашто бЛАЖЕ Коневиќ и под какви услови ја создал денешнава на Караџица :) а зошто Венко Марковски го јадел стапот (а и он бил комунист а не вмровец:))

Анонимен рече...

Гледам дека уште си имаат бугарите проблем со Македонците. Постојани патетики :)
Абе што сте се фатиле за нас не знам ајде тамо имате други попаметни работи, терајте си ги дома.
А инаку тоа Македони„ија“ или пак како што тука се вели дека требало да си е Македон„иа“, прв почнал да го применува Крсте Петков Мисирков од 1903 година и го има во неговите записи (кој наводно бил Бугарин хехе уште една патетика за нашите сироти бугари).
Македонскиот јазик немал кодекс до 1945 година и доволно паметен човек се нафанал да го направи и тој се вика Блаже Конески.
А знаеме нели до тогаш се што е правено врз Македонците нели бугарчиња :)
Значи тука било ропство многу години од страна на турците па после дошле србите па после дошле нашите „браќа“ бугари :?
Да да бугарска окупација врз македонија :) за време на втората светска војна Шлајфка.
Затоа гледај малку попаметно да си ги арчиш зборовите отколку да тропаш глупости, користи ги за нешто што може да ти помогне на тебе и на другите а не да плукаш по другите. А јас главата си ја сечам ако си ти баш поинтелигентна или пак попаметна личност од Блаже Конески нема теорија тука :)

Анонимен рече...

Ама зошто мора секогаш кога се поставува дилема за македонскиот јазик да се спомене Блаже? Човекот си ја завршил работата најдобро што може. И во случајот на суфиксот „ија„. Просто е правилото: пишуваме тоа што изговараме. Пробајте да кажете Македониа и ќе видите зошто. Сосем сие е „ј„ тука во духот ма македонскиот јазик. Можеме ние да се договориме и да го избришеме, стандардите во јазикот се предмет на конвенција, но тогаш нема да звучи македонски.

Unknown рече...

„Пробајте да кажете Македониа и ќе видите зошто. Сосем сие е „ј„ тука во духот ма македонскиот јазик.“
Да бидам искрен, јас најчесто не го изговарам ј не само во „Македонија“, туку општо меѓу „и“ и „а“.
Многу ми е туѓо и излишно.

Unknown рече...

Е, еден горе рече дека правописот е работа на конвенција и морам да кажам дека е така. Инаку, како професор по македонски можам да потврдам дека во нашите дијалекти има неколку изговори на групата ИЈА. Некаде се изговара ИА, некаде ИЈА, а некаде помеѓу И и А се слуша ептен слабо Ј. Како и да е, тешко е да се изговори ИА без Ј. Ако сакате можете да проверите со соодветна технологија (има софтвери за вакви работи) која изговорот го претставува со фонолошка азбука.
И за на крај само да додадам дека Ј е кратко И. Па затоа и кај некои зборови се слуша Ј таму кај што не се пишува. Се разбира дека ако се напрегнем можеме да кажеме МихаИло, но кога се зборува брзо се кажува МихаЈло. Така е и со ракија и Македонија, обидете се да го извадите Ј од зборот и по некое време ќе почнете да изговарате Македоња и раќа.
Ј е најпроблематичната буква/фонема во нашиот јазик зашто е нестабилна и некаде се пишува, а некаде не (сеалка - сејач, пејач - пеам, турнеја). Зависи од договорот. Но меѓу И и А, дури и се слуша, па затоа и се пишува. Не се пишува кај зборовите: иако (а се слуша слабо Ј), триаголник, четириаголник и анти + збор што почнув на а - антиамерикански). Може да се види дека тоа се состави од два збора, па затоа и не се пишува. Кај наставките се пишува зашто таков е правописот. И тоа е тоа.
Поздрав

п.с. Стварно, што им е на Бугариве?

Анонимен рече...

Зоки, кој бил Венко Марковски? Или кога не се знае како да се извлече човек од неудобни прашања, одма се сменува темата на „ти си бугар“. Па ете Венко Марковски, бил комунист, па сепак е против работата на (Б)Лаже Коневиќ. А таа историја најдобро ја знаат во МАНУ, кои до сега многу добро се извлекуваат от говорењето по таа тема. Како и да е.. ако ти е полесно да сум бугар, барем викај го българин.

Бај д веј, за тоа да пишуваме како што изговараме, можам да го поставам прашањето како го изговарате „ПРСТ“ а како го пишувате истото. Нареден чекор истиот збор напишан „ПЪРСТ“ изговорете го и споредете. Или „Ъ“ е пак бугарско? Па св. св. Кирил и Методи и св. Климент го користеле за описменување на словенските народи. Или пак ќе мешаме „бугари“? Не сум згрешил во мојот пост дека имаме вечна фрустрација од Бугарија, Србија, Грција, Албанија.

Анонимен рече...

Ке се врати надписот "Македониа"... и ке се врати валутата "лева" (нели вестникот струва 10 лева?)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week