Откако го прочитав најновиот протест на нашите пратеници во Советот на Европа, не знам дали да се смеам дали да плачам:
„Протестот е упатен поради тоа што на нивните документи наречени “пасоши“, што ги издава СЕ, во графата за државјанство, наместо да пишува “македонско“ е наведено “граѓанин на поранешна југословенска Република Македонија“. “Токму затоа мојата прва реакција беше да го вратам “пасошот“ што ми беше издаден и во кој беше употребена таа формула“, изјави пратеникот Благој Зашов за македонскиот сервис на Радио Дојче Веле.“ (Македонија протестира во СЕ поради несоодветно именување)
А прво да си го отворел Благој Зашов сопствениот „македонски“ пасош, па да пронајде во него дали пишува некаде „македонско“ во графата за државјанство/националност?
Во мојот стар пасош никаде не пишува „македонско“ ниту на кирилица ниту на латиница „Macedonian“, туку „Republıka Makedonıja“ (што на англиски јазик се чита „Рипаблик оф Македониџа“).
Ако не сте знаеле, според пасошот, вашата националност е „Republıka Makedonıja“, а не Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Србин, Бошњак итн.!
Ако во нашите пасоши не пишува „Македонска“ националност, со кое право тогаш бараме од Советот на Европа да не го користи во графата националност називот со кој сме се согласиле да станеме членки на Советот на Европа?
Баш ме интересира дали е нешто променето со државјанството/националноста во новите пасоши. Ако има некој информација, нека каже.
7 коментари:
На новите пасоши, како и на старите има грб каков што и` прилега на една држава што со гордост го носи името Бивша Југословенска Република.
Стварно нема грб? Јас како да видов грб на новите пасоши уште кога ги промовираше Џанго пред новинарите...
А за тоа каков ни е грбот, тоа е друго прашање.
Има на новите. И на старите во поново време имаше грб. Ама стварно ебате грбот што ни е...
Мислам дека реакцијата на пратеникот била за моментот FYROM, а не за македонско (што во секој случај е погрешно.
Реакцијата на пратеникот не била за FYROM туку за "the former Yugoslav Republic of Macedonia", како што сме (се согласиле да бидеме) примени во Советот на Европа.
на новиот пасош, грешаката со национланост е исправена
Супер, а што пишува сега, и какви се графи има?
Објави коментар