Прилив на „мозоци“?

4/09/2007

Ја поздравувам одлуката на Владата да предложи Закон за изменување на Законот за високото образование, со кој ќе се регулира нострификацијата на дипломи (Нострификација на дипломи од странски универзитети).

И самиот имам магистерска диплома од странски универзитет која не се ни обидов да ја нострифицирам, знаејќи дека на тој процес треба да потрошам над 1000 евра, над една година, и кој знае колку нерви.

Парадоксот да е поголем, студиите што ги завршив се сеуште дефицитарни, а бев стипендиран од Европската комисија со идеја да се вратам во својата земја за да помогнам во развојот на демократијата и човековите права.

Непризнавањето на мојата диплома, потпишана од ректорите на Универзитетите од Сараево и Болоња, ме оневозможи последниве пет години да продолжам со докторски студии во Македонија или да барам работа во некоја државна институција како магистер по демократија и човекови права.

Таканаречениот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ не ја признаваше мојата диплома (за разлика од дипломите од Албанија и Бугарија), па по принципот на реципроцитет, не го признавав ниту јас како легитимен универзитет.

Државата исто така не ја признаваше мојата диплома, па токму затоа воопшто не размислував за аплицирање на државни работни места каде што би можел да ги применам моите знаења и умеења од областа на човековите права и демократијата.

Работејќи во неколку невладини организации на проекти од областа на човековите права, имав прилика не само да ги критикувам, туку и да соработувам со државни институции, па дури и да давам конкретни препораки за промени во легислативата и политиките што се однесуваат на човековите права. Многу малку од препораките беа разгледувани, а уште помалку беа прифатени и применети.

Затоа, ме охрабрува тоа што проблемот со непризнавањето на дипломите, кој беше и тема на една одлична анализа (TO STUDY (ABROAD) OR NOT?) дојде бргу на Владината агенда, и дека предложените препораки беа прифатени.

Сепак, нешто ме јаде јанѕа во однос на административните трошоци, кои не беа прецизирани во владините изјави: „Од владата најавуваат дека нострификацијата ќе чини многу помалку од досега, каде цената се движи и до 1.300 евра.“ Колку за споредба, споменатата анализа укажа дека во Хрватска вкупните трошоци се околу 65 евра! Споредба која укажува зошто не се исплатеше враќањето во Македонија.

Уште еднаш, честитки за потегот, со надеж дека набргу ќе можам да си ја нострифицирам дипломата без големи трошоци. Се надевам дека во иднина прашањата „Зошто воопшто студирав во странство?“ и „Зошто воопшто се вратив тука каде што не ми ја признаваат дипломата?“ ќе си ги поставуваат што помалку граѓани на Република Македонија.

Да се надеваме дека некои што одлучија да останат во странство ќе се вратат, и дека Владата ќе го помогне и забрза тој процес, оти сеуште во Македонија нема критична маса од образовани и стручни луѓе расположени за сериозни промени.

Токму затоа тапкаме во место, наместо забрзано да чекориме кон ЕУ.

13 коментари:

Unknown рече...

Odlichna poenta. Postojano ni ja polnat glavata so brain-drain a nikomu ne mu tekna da razmisluva vo obratna nasoka.

Dobro e shto go skratija rokot, ostana ushte da gi namalat troshocite. Mozhebi ne znaat deka troshocite za nostrifikacija za diplomata se previsoki? Mozhebi treba ushte poglasno ova prashanje da go istaknuvame vo javnosta?

Pozdrav

Unknown рече...

Мислам дека не се до толку наивни. :)
Не се работеше само за монопол (на „УКИМ“) и бирократија, туку и за системско решение кое општествено ги маргинализираше „опасните“ кадри кои беа прагматично обучувани за конкретни промени.
Најголем дел од „странските“ магистри и доктори не беа само перципирани, туку и третирани како „туѓи тела“ кои треба да се „вакцинираат“ со по 1200-1300 евра.
Нешто како данок на системска некомпатибилност :)

Анонимен рече...

Јас мислам дека не баш така едолична работава со нострификацијата. За да не бидам грешно сфатен, сум за нострификацијата на странските дипломи.

Но, сметам дека во регулативата за ностификација треба да се прецизира степенот, структурата, природата и формите на студии (пред се последипломски), па врз основа на тоа да се дефинира образовниот статус и степен на странските студенти овде или целосно да се спроведе стандардизацијата на образовниот систем со оној од надвор.

Зошто? Верувам знаеш за Болоњските постдипломци од политичките студии на Правен кои отидоа во Болоња, слушаа еден семестар од 3-4 месеци, напишаа извештај за тоа што го учеле (Европското законодавство во сточарството) на 7 страни со 6 библиографски единици се вратија и беа лути зошто не им се признава тој текст како магистерска. Но новиот проректор на настава Ѓ. Иванов сега им дозволи да запишат докторски на овие студенти, прифаќајќи дека магистрирале. Всушност на грбот на килавата легислатива тие рипнаа цел образовен чекор.

Она што горе е мастер, не исто со она што кај нас е магистер.Мастерот горе кај нас се вика специјалистички постдипломски студии.

Верувам знаеш, посдипломските студии по сегашниот закон имаат три степени. 1. Специјалистички со два семестра без приложување на труд (степен специјалист) 2. Магистерски со 3-5 семестри со труд, степен м-р и 3. докторски.

Истата дилема сега е страшно актелна во Хрватска и Србија по имплементацијата на Европскиот образовен модел. Студентите кои магистрирале по моделот 3-5 семестри плус труд се противат образовно и правно да бидат изедначени со оние кои зимаат едносеместрални мастери надвор. Има барање таквите магитерски да се нострифицират како докторати. Но...

Таа системска некомпатибилност не е така еднозначна,(заштита од опасни кадри) таа има и рационални и правни разлози. Закоскота компатибилнос ќе продуцира образовна дискриминација, ако не се прецизира легислативата за нострификација или ако не се оди единечно од труд до труд, од единка до единка.

Анонимен рече...

Ностификациајта на дипломи е болка дамнешна, ама по она што прочитав, пак се прават половично работите. Дипломите ќе се рангирале според U.S. News and World report (за американските институции). Мислам АЛО. погледнал некој по што и како се рангира "overall" листата на најдобри универзитети во U.S. News. Човек може да има диплома од најдобро рангираниот, а истата во струката да има помала тежина од најслабо рангираниот, затоа што прво рангираниот има подобра истражувалча лабораторија по биологија, иако ти си завршил драма на катедра која тек воведува мастерс кој сеуште во САД не е акредитирам, ама важно е на харвард и нашиве по аутоматизам ќе ја нострифицира затоа што харвард е второ рангиран според US News?
Ќе му текне на некого дека постојат институции за академска акредитација во странство, кај кои јасно и гласно стојат и се прецизирани кредибилитетот, тежината и висината на секоја катедра посебно и секоја диплома од секој универзитет. U.S. News $ World Report е приватна институција, на која нечив ранг зависи од ПР, реклами и желба да се учествува во тој процес на маркетинг (тоа е US NEws - МАРКЕТИНГ). Фактот дека еден универзитет од една во друга година може да падне 15 места, им кажува нешто на нашите или само некој им кажал за US News, а тие повтараат иако благе везе немаат како тоа функционира? Можеби после падот ќе се замислат дали да признаат? Можеби ќе прават проблеми со помали институции кои никогаш не се високо рангирани генерално, но и те како имаат академско јаки катедри. Да им го објаснеше некој тоа?
И вакви ќе одлучуваат за правила при нострификација? Незнам што да кажам, ама моја диплома не давам на нострификација!

Анонимен рече...

„Она што горе е мастер, не исто со она што кај нас е магистер.Мастерот горе кај нас се вика специјалистички постдипломски студии.“
Јас имам посетувано магитерски студии кај нас, по философија, со едно предавање за цели две години, каде што се ми беше препуштено мене - и смислувањето на предметите кои ќе ги полагам, и структурата на темите, и библиографијата, па и книги сам мораше да си купам за да студирам. Да не спомнувам тоа што професорите појма немаа за дисциплината што ја одбрав. После некое време, процесот ми стана бесмислен. Кај нас секој идиот може да магистрира.
Колку за споредба, на едногодишните студии кои редовно ги посетував имаше целодневна настава половина од месецот (имав прилика да слушам предавања од 40-50 професори), половина имаше истражувачка работа и вежби, а секој месец моравме да пишуваме академски статии со сите тертипи.
Тезата што ја бранев имаше 100 страници а4 формат.
Што друго да ти кажам.
jasnesumjas

Анонимен рече...

Еве и едно интересно сведоштво од „Дневник“:
"Скопјанецот Виктор Новаковски (29) седум години чека Министерството за образование да му ги признае додипломските и магистерските студии во САД, бидејќи службите му ја изгубиле оригиналната диплома. Тој дипломирал и магистрирал на Универзитетот „Колумбија“,кој е рангиран на седмото место на листата од 500 најдобри универзитети во светот и е на шесто место на листата од 100 најдобри универзитети на американскиот континент. Моментално работи како заменик-директор на гимназијата „НОВА“, но, како што вели, поради неговата стручност во областа на образованието, а не поради „парчето хартија“.

- Во допис од ресорното Министерство пишува дека дипломата ми е изгубена. Не знам како можело тоа да се случи, бидејќи не беше само една диплома, туку три: таа од средно образование и две за магистратурата. Со години чекам на нострификација и сигурно ќе чекам уште две или три. Апсурдот е тоа што, иако во САД сум завршил две магистратури, во нашата земја ако треба да ме евидентираат, тоа ќе биде само со основно образование - вели Виктор Новаковски."

Анонимен рече...

Сосема се согласувам дека кај нас секој идиот може да магистрира. Токму на филозофија и ги има најголемите идиоти магистри со теми како етичкиот лик на наставникот од 1 до 4-то, Етиката и невладините организации, Учењето на Талес за водата, и слични глупости. Но, фала богу, го има е еден Ничевски (да бидам искрен).

Но и секој идиот со пари може да земе колку сака мастери од каде сака. Познавам неколку солуски магистри по економија и право кои не знат ни е од економија ни п од право.

И сега што да ти кажам, кои се поголеми идиоти!?

Јас на мојот труд работев 2 години има 300 страни и 127 библ.единици, и знам дека тоа ништо незначи, но знам дека знам повеќе од многу многу луѓе со мастер од надвор за теми и дисциплини кои јас не сум ги студирал. Имав моронска комисија која појма немаше од напишаното, одбраната беше тешка пародија и гротеска на моменти.

и горе има деца поштено што си научија, и тука има деца поштено што се потрудија. Па сакам механизам за тоа да не се стопат правно и тие и тие во џганот готовани, фејкери, плагијатори, тато носи мама меси магистри и слично идиоти кои просперирааат на килавоста на законот и нашата априорна фасцинација и предрасуда дека се што е надвор е подобро.

Анонимен рече...

А некој да му кажеше и на Виктор Новаковски дека изгубената диплома може да ја добие повторно, само треба да се обрати до Колумбија? 10 долари нова ќе му дадат, немора да ќека 3 години да му ја најдат во Скопје. Такви па магистри за сламки што се фаќаат само за да мрчат... има по големи глупости од тоа што ете некој му ја изгубил дипломата.

Анонимен рече...

И како е вработен тој во НОВА ако нема диплома? Ебате државата што сме значи!

Ах да, син на газдарицата е :)) Шега на страна, не дека Виктор не го заслужува местото, ама стравично е како кај нас не е регулиран системот, бидејќи технички тој не е остручен да виде директор на образовна институција, ниту предавач, а и двете ги работи. Е како е тоа дозволено, и како Новаковски работи со деца, ги образова, ако според нашите закони има само основно образование?

Анонимен рече...

"...и како Новаковски работи со деца, ги образова, ако според нашите закони има само основно образование?"
Претпоставката дека „Нова“ работи според нашите закони е аналогна со претпоставката дека Тетовскиот универзитет работел (и работи) спотед нашите закони :)

Анонимен рече...

Можеби прва најреална, позитивна вест во прогрес, после долго време, и јас размислувам во плус за овој владин предлог, посебно за инат на УКИМ.
Но инатот на страна...иако може да се додадат некои работи, но да не излезе дека сакаме преку леб погача...засега прилично добра замисла.

Анонимен рече...

Мене никако не ми стана јасно, како може да има некој што му пречи овој закон.. а и зашто му пречи..

Веста е добра, мотивите се добри, принципот е добар, луѓето останаа наивни. За жал, не верувам дека ова решение некој ќе го сфати сериозно, а да не зборуваме за прилив на одлиените веќе мозоци. Сепак, репутацијата тек треба да се гради. А како само да се гради кога сеуште енормно се губи со секојдневната дебилана што ја гледаме на телевизија.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week