Македонија: „Потемкиново село“

4/25/2007

На два дена пред да започне самитот во Охрид, булеварот „Туристичка“ беше окупиран од багери и работници кои ударнички, од утро до мрак, работеа на асфалтирањето на големата раскрсница со улицата „АСНОМ“.

Булеварот беше експресно асфалтиран, тревниците средени, беа поставени нови заштитни огради, а секоја бандера ја красеа три или уште повеќе знамиња.

На денот на самитот, булеварот „Туристичка“ беше повторно блокиран, овојпат поради црните коли со затемнети стакла будно следени од громогласните хеликоптери и неколкуте стотини полицајци распоредени на секое ќоше.

Вечерта, кога градот заспа, излегов да се прошетам по „Туристичка“. Недалеку од местото каде што ударнички се средуваше раскрсницата, зјаеше празна дупка на средината на тротоарот.

Има ли смисла толку пари да се фрлат на преуредувањето на раскрсницата, а да не се покрие празната дупка што заканувачки зјае на тротоарот?

Изгледа има. Заканувачката дупка не се гледа од црните коли со затемнети стакла, а секое мало дете знае дека колите не возат по тротоари.

Разочарано свртев на улицата „АСНОМ“. Недалеку од раскрсницата зјаеше уште поголема дупка, длабока околу три метри. Некои совесни граѓани ја беа обиколиле дупата со камења и штици, за случајно да не пропадне некој несреќник. Да не чуе злото, ако некој падне тешко ќе се спаси, оти во средината на дупката има забодено остра штица која ги сведува на минимум шансите за преживување на падот.

Има ли смисла да се преуредува „Туристичка“ за политичарите со црни коли со затемнети стакла, а да се игнорира смртоносната дупка на улица „АСНОМ“?

Изгледа има.

Како прво, политичарите одамна не одат пешки и за нив не важи предупредувањето „Ќе изгинете по некои дупки“.

Како второ, празната дупка од три метри со забодена остра штица во средината, сугерира јасна политичка порака: „Немојте да газите по АСНОМ. Опасно по живот е!“

6 коментари:

Анонимен рече...

Сите тие дупки по патиштата и тротоарите потекнуваат од нечии дупки во главите кои се пресликуваат во дупки во законите.
Ете, ако на градоначалникот му се постави прашање за овие дупки, тој според закон треба да одговори во определен рок, но сепак не мора - зашто не се предвидени санкции или казни ако не одговори. Дотогаш дупките ќе зјаат.
Како беше онаа - зини земјо голтни ме! :)

glisha рече...

И сега кога ќе ги сменат шахтите нека стават некаков начин да не може да се крадат.

Дупките во асфалтот барем нема веднаш да се направат, шахтите некои идиоти одма ги крадат. :(

Unknown рече...

"Сите тие дупки по патиштата и тротоарите потекнуваат од нечии дупки во главите кои се пресликуваат во дупки во законите."
Окси, што мислиш за идејата да основаме центар за „дупкологија“? За проучување на дупките по патиштата, во главите, во законите, во изјавите на политичарите, па и црните дупки :)

Анонимен рече...

Синџир.. синџир со катанец му е мајката зашто друго и не разбираме.
пс: или сто стапа за секој прекршок и тоа на лице место :)

GoodBytes рече...

Во шуплива глава дупка не се прави.

Анонимен рече...

Како второ, празната дупка од три метри со забодена остра штица во средината, сугерира јасна политичка порака: „Немојте да газите по АСНОМ. Опасно по живот е!“..............Нели АСНОМ е темелот, ако не газиме по него на таванот ли да се ,,пентериме,,......

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week