Едно другарче што редовно ме засмејува, поентира: „Порано велеа дека ништо не смее да не изненади. Сега не можат да најдат нешто што може да не изненади.“
Море, понекогаш и успеваат да најдат. Не само што бев изненаден, туку се шокирав од интервјуто на невропсихијатарот проф. д-р Георги Чадловски во саботен „Дневник“ - „На здравството му треба „електрошок“:
„Велите дека блиску до идеалниот лек е електрошокот. Зар пред неколку години Хелсиншкиот комитет не ги прозва токму за тој метод психијатриските болници?- Да, почнаа да се шират афери, но тоа е заблуда на Хелсиншкиот комитет, од каде што не можат да оценуваат без да дојдат да прашаат. Од 1969 година сум во психијатријата и ниеден пациент не умрел од електрошок, што сега се дава со анестезија и тоа во најсовремените установи. Ефикасноста двапати ги надминува лековите. Методот е подраматичен за лекарот, а се применува ако депресијата или психичката состојба е исклучително самоубиствена и ако е загрозена виталната состојба на болниот. Електрошокот многу побрзо го крева нивото на серотонинот и норадреналинот, што се ниски кај таквите болни. Докажано е: колку нивното ниво паѓа, толку депресијата е подлабока. Сега еден пациент самиот моли за тој метод, бидејќи го знае дејството. Тој е агресивен, но нема последици. Модерната психијатрија ги стеснува индикациите за електрошокот, а порано сме го употребувале многу повеќе.“
Иако Чадловски тврди дека електрошокот сега се дава „со анестезија и тоа во најсовремените установи“, делегацијата од Хелсиншки комитети во извештајот за Затворените институции наведува: „Во Невро-психијатриската болница во Негорци, делегацијата утврди примена на немодифицирана електро-конвулзивна терапија (електро шокови - ЕЦТ) т.е. терапија без анестезија и мускулни релаксатори.“
Какво е тоа „лечење“ со електро-шок, кога индуцираните напади се посилни од епилептичните напади кои на долги патеки трајно го оштетуваат мозокот? Уште малку, и ќе испадне дека мачителите не ги користат електрошоковите како средство за изнудување информации (тортура), туку за да ги излечат „пациентите“ од депресија покачувајќи им го нивото на серотонин и норадреналин!!! Очекувам наслови по весници: „Самиот молев да ме тортурираат“ (Ел-Масри); „Кога ги мачев, мене потешко ми беше“ (анонимен агент на ЦИА).
Очекувам и реклама од Психијатрија: „Електрошок за блогери - идеален лек за блогодепресија и блогохолизам.“
Ама гледајте го прво „Лет над кукавичкото гнездо“.
Кому му треба „електрошок“?
4/02/2006во 00:55
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Мојот список со блогови
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 6 месеци
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 4 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 6 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 14 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 16 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Архива на блогот
-
▼
2006
(466)
-
▼
април
(55)
- „Си го чул/а вицот за...?“
- Племенски обичаи
- Ел-Масријада
- Кој сака да биде милионер?
- Полициска држава?
- Потемкиново село
- Смокиолози против стоби-флипсисти!
- Закон за заштита од религиите и верските учења
- Кредибилитет
- Капиталот и „човечките права“
- „Декриминализација“ на навредата и клеветата?
- Милошевиќ против Македонија!
- Супер херои
- Пушоманство?
- Воскресение
- Депенализација на „проституцијата“?
- Сите глави на „Октоподот“
- Е.. Влада?
- Суеверие
- „Тешкото“
- За кого ќе гласате?
- „Анти-исламистички“ хумор
- Откријте ги разликите!
- Тиранија на етничкиот идентитет?
- „Фабричка грешка“?
- Метафизика на трачот
- „Диверзитетска“ библиотека?
- Интерактивни спортови?
- „Кабелска“ за џабе!
- Штрајк за избори?
- Фабрика за криминалци!
- Нов автогол во „Премиер“ лигата!
- Дисеминација!
- Соопштение!
- Аномалии
- Правична застапеност?
- Параноја!
- Крстоносците го возвраќаат ударот?
- Трпај, трпај
- Колку сме, (не)токму сме?
- Тажен јубилеј: Во името на...?
- Читателот
- Час по анатомија
- Диогеновско решение?
- Дали сме секуларна држава?
- Политичка зомбификација?
- Употреба на децата?
- Десетте заповеди на психоаналитичарот
- Cogito, ergen sum?
- З'ш да не?
- Криминалци и „криминалци“?
- Ксенофобија, расизам, или индиректна дискриминација?
- Кому му треба „електрошок“?
- Блогетер и блогохоличар!
- Фланеуристички трансформации, во ритамот на загубе...
-
▼
април
(55)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Прочитајте што вели Милчо Манчевски: „Кога бев мал сакав да станам филмски режисер. Арно ама, немав врски за да ме примат на филмската ака...
-
Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од п...

Popular Posts this month

Popular Posts this week

6 коментари:
Во случајов се работи за мислење на стручњак кој може, но и не мора да е во право. Јас нема да изнесувам став за терапијата со електрошокови (не сум стручен), ниту пак сум видовит да знам што кај нас се случувало, туку ќе издвојам неколку информации за ECT кои можеби ќе се интересни за некого.
Електрошоковите во психијатријата се користат официјално од 1930 година. Научниците се сложуваат дека тие даваат краткотрајно подобрување на состојбата на пациентите болни од повеќе видови болести. Но, стручната јавност е сепак поделена по ова прашање.
Без употреба на мускулни релаксанти, имало случаи на повредување на пациентите за време на електрошокот (кој трае околу 60 секунди). Со релаксантите се намалува ефектот на силните мускулни контракции, а се задржува електричниот ефект врз мозокот.
Инаку, при терапијата со електрошок пациентот веднаш паѓа во безсознание и набрзо се буди, без да се сеќава на ништо што се случило за време на терапијата.
Некои од контра-индикациите (за кои научната јавност е поделена) се: конфузија, ретроградно губење меморија (ова особено ако пациентите земале литиум), дезориентираност, како и намален капацитет за учење нови информации.
Американското владино тело „Food and Drug Administration“ ја прогласи оваа терапија за Класа 3, што значи дека е од најризичната група медицински уреди (методи).
Ернест Хемингвеј се самоубил набрзо по третманот со ECT. За ECT изјавил: „what is the sense of ruining my head and erasing my memory, which is my capital, and putting me out of business? It was a brilliant cure but we lost the patient“.
Еве што вика А1:
Пациентите во Негорци без основни услови за живот (http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=60585)
„По 22 годишното работење на д-р. Ѓорѓи Олумчев, кога болницата со болничката економија заработуваше големи материјални средства, болницата беше во катастрофална ситуација. Сите болнички одделенија беа руинирани во стадиум недостоен за живот на било кое човечко суштество, па макар да биде и ментално болно“ д-р. Даница Каркалашева.
Освен со мизерните услови и лековите, проблеми имало и со апаратот за електрошокови, не бил баждарен. (...)
„Апаратот не исклучуваше по 3 секунди, на пример треба да се баждари за одреден период колку ќе пушта струја“, рече Каркалашева.“
Електрошокови со неисправен апарат?!?
mi svEtna
“Сите болнички одделенија беа руинирани во стадиум недостоен за живот на било кое човечко суштество, па макар да биде и ментално болно“.
А и докторкава... па баш на БОЛЕН му требаат подобри услови.
Катастрофа. Нека одат психијатрите (повеќето, ако не сите) и нека се обесат... за превентива онака.
Се нервирам за вакви работи ептен. Негрижа на лекари, а животот им го ставаш во раце.
Апел Влади и Председнику Републике Србије
Апелујемо* на Владу Србије, Премијера Србије и Председника Србије да у Генералној скупштини Уједињених нација предложе Резолуцију којом би се прогласило супротним међународном праву свако једнострано или мултилатерално признање Косова као независног или полу-независног међународно-правног субјекта. Сматрамо да би свако једнострано или мултилатерално признање Косова било супротно основним нормама и принципима међународног права, а посебно ако би ово признање наступило мимо процеса који су у току у Савету безбедности Уједињених нација. У циљу онемогућавања да до признања Косова дође од стране неких држава чланица Уједињених нација, предлажемо да текст следећег Нацрта Резолуције хитно буде упућен у процедуру у Уједињеним нацијама:
Н А Ц Р Т Р Е З О Л У Ц И Ј Е
Генерална скупштина
позивајући се на члан 2. Повеље Уједињених нација;
позивајући се на члан 24. Повеље Уједињених нација;
позивајући се на члан 25. Повеље Уједињених нација;
подсећајући на Декларацију о принципима међународног права која се односи на пријатељске односе и сарадњу између држава сагласно Повељи Уједињених нација, из 1970. године;
узимајући у обзир Резолуцију Савета безбедности 1244. из1999. године;
тражи од држава чланица Уједињених нација да унилатерално или мултилатерално не признају независност Косова, док се не донесе Резолуција Савета безбедности Уједињених нација у којој се утврђује коначни статус Косова.
* Тим истраживача Института за политичке студије у Београду, којим координира др Игор Јанев, виши научни сарадник Института (постављено на сајт 29.9.2007.)

Објави коментар