„80-тите - цајкани! 90-тите - детективи! сега - форензичари! ..... - ?“ - проникливо забележа Макондо на инспиративниот цитат од Хаким Беј во постот на ASN „Цајканска култура“.
Мојата прогноза е дека Холивуд ќе се ре-позиционира кон политичарите-херои.
Не беше ли функцијата на филмските цајкани, детективи, форензичари да му ја повратат на гледачот загубената доверба во системот? Загубената доверба поради лошите цајкани, детективи, форенсичари? Токму затоа „добрите“ политичари веќе трчаат на екраните за да ја воспостават загубената доверба во лошите политичари.
Недовербата во системот раѓа параноја. Холивудската култура ја лечи паранојата со креирање на „системски“ херои кои држејќи се до сопствените принципи успешно му одолеваат на искушението да го изневерат граѓанинот-гледачот.
Што имаат заедничко хероите на CSI и West Wing со „dirty Harry“, Шерлок Холмс и Херкул Поаро? - Сите се успешни „клинери“ не само на заканите за поредокот туку и на параноичните стравови кои ги попречуваат безгрижните сништа. За да се одржи поредокот, мора на некој начин да овозможи мирен сон на „штрафчињата“.
Ќе ми каже ли некој, зошто кај нас не се снимаат херојски филмови/серии со цајкани, детективи, форенсичари или политичари?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it www printingforless com valtrex
Very cool design! Useful information. Go on! »
Објави коментар