Градоначалникот Костовски по се изгледа упорно се труди да ја докаже вистинитоста на слоганот „Личното е политичко!“
Скандалозниот случај „Кермес“ покажува како Градоначалникот ја остварува својата Програма За обновата на духот на Скопје и неговиот лик, односно како бескрупулозно го гази програмското ветување - „ќе ја промовирам заштитата и одржувањето на спомениците на културата“.
Откако Антикорупциската комисија по шести пат повтори дека „Уривањето на „Кермес“ и сечењето на дрвјата во градскиот парк е незаконско“ (А1), и побара покренување кривична пријава против двајцата градоначалници (Костовски и Аларова), осомничениот Трифун се обидува да го сврти вниманието на јавноста кон вториот стратешки проект - изградбата на спортска сала.
Овојпат како соработник во „здружените урбанистички потфати“ на благословениот „крстосветец“ Костовски се јавува никој друг туку Владата на Република Македонија чиј претседател свечено потпишува Протокол за соработка и изградба на спортската сала.
Честитки до Претседателот на Владата кој продолжува достоинствено да ги игнорира барањата на Антикорупциската комисија давајќи им сесрдна Владина поддршка на осомничените за корупција на почетокот на предизборната кампања.
Да потсетиме само што друго вети Костовски во својата програма според која „Локалната власт мора да функционира во границите на Правото“: „ќе го информирам Советот на Градот за конфликтот на интереси доколку се работи за одлучување за прашање во кое јас или мојот брачен другар, деца или роднини до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес“.
Дали Советот на Градот е информиран од страна на градоначалникот за конфликтот на интереси во случаите „Кермес“ и „Спортска сала“ за чија изградба е најзаинтересиран сопственикот на ракометниот клуб „Кометал“ - Ѓорче Петров?
И кој вели дека Власта не е над Уставот и Законот?
Градоначалникот на Скопје Салих Асим (автор на првата "Историја на Скопје и неговата околина") ќе остане запаметен по проектите: првата градска канализација, паркот „Ислахана“, кејот на Вардар, училиштето за сираци, аптеката за сиромашни...
Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски ќе остане запаметен по уривање на споменици на културата, по сечењето на дрвјата што ги посадил Салих Асим, по игнорирањето на дупките по Скопските улици и по претворањето на Скопје во Потемкиново село.
Ах, да, ќе заборавев! Ќе остане познат и како уништувач на забави (обидот за затворањето на Градскиот парк ноќе и растерувањето на младите околу „Фонтана“) и како многу лош пејач на патетични шлагери!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! maryland cosmetic surgery heating service in greensburg pa pennsylvania Cambodia incorporate cum viagra phentermine adderall effexor and adderall prescribed together http://www.kitchen-cabinet-hardware-8.info Watch clit piercing Online payment phon lecoultre master compressor world watches jaeger covers for hot tubs Targeted bulk email search Orick payday loans wired western union http://www.free-slots-online-2.info Best internet sportsbook Hardcore and softcore nights - aqueduct lyrics adderall affecting wbc Rhinoplasty woodbury
Very nice site! Cruise mann travel Circuit breaker wiring Canada  companys seling contact lens Slot machines no download needed or installation required 101 bally slots no cd Hot teens that are blondes Craps strategies casino deal marathon military watch free monopoly casino slots no download Lexus real radio zig zag method to winning slots Lowe27s bathroom cabinets Ia small business health insurance Blackjack michagin ski area newport rhode island tracks and video slot machines Bookcase wood How slots work elvis slots
Very cool design! Useful information. Go on! » » »
Објави коментар