„All my joys to this are folly,
Naught so sweet as melancholy.“
Мистеријата започна пред девет години со читање на еден егзактен пасус од поговорот на преводот на Џорџ Беркли, „Расправата за принципите на човечкото познание“ (Зумпрес, 1997, стр. 157):
„Еден мислител од рангот на Роберт Бартон (Robert Burton), авторот на првиот бестселер во историјата на списите со научни претензии (пет изданија за помалку од пет години), своето прочуено дело Анатомијата на меланхолијата (The Anatomy of Melancholy / Melancholiae Anatomen, Лондон 1721) без двоумење му го посветува на истиот тој Џорџ Беркли, пречесниот господин чии доблести не се помали од неговата благородна возвишеност. („Ad Georgio Berkeleio, honoratissimo domine, non minus virtuta sua, quam generis splendore“).“
Уште пред девет години ме опседнуваа следниве прашања: Како е можно Роберт Бартон (1577-1640) да го познавал славниот философ Џорџ Беркли (1685-1753)? Како е можно Анатомијата на меланхолијата да е објавена во 1721 год., кога сите енциклопедии упатуваат на 1621 год., цел век порано? Да не станува случајно збор за дел од масивната конспирација на интелектуалци за која пишува Jorge Luis Borges во Tlön, Uqbar, Orbis tertius? Можно ли е латинската посвета да е намерно и комплетно измислена од авторот на поговорот, инаку експерт и вљубеник во ликот и делото на славниот философ Џорџ Беркли? Најпосле, можно ли е посветата да не е од Роберт Бартон, туку од некој подоцнежен издавач на јубилејното издание еден век подоцна, кога философот Беркли имал 36 години? Или од некој друг Роберт Бартон, кој издал исто така книга со наслов Анатомијата на меланхолијата (The Anatomy of Melancholy / Melancholiae Anatomen), но во Лондон 1721 год.?
Мистеријата стара девет години се разреши неодамна, откако преку интернет најпосле дојдов до скенирана копија од THE ANATOMY OF MELANCHOLY (The Sixth Edition, corrected and augmented by the Author. Omne tulit punctum, qui miscit utile dulce. London Printed & to be sold by Hen. Crips & Lodo Lloyd at their shop in Popes-head Alley. 1652").
На третата страница навистина има посвета:
„HONORATISSIMO DOMINO NON MINVS VIRTUTE SUA, QUAM GENERIS SPLENDORE, ILLVSTRISSIMO, GEORGIO BEKKLEIO, MILITI DE BALNEO, BARONI DE BERKLEY, MOUBREY, SEGRAVE, D. DE BRUSE, DOMINO SUO MULTIS NOMINIBUS OBSERVANDO, HANC SUAM MELANCHOLIAE ANATOMEN, JAM SEXTO REVISAM, D.D. DEMOCRITUS JUNIOR.“
За жал, „All my griefs to this are jolly, Naught so damn'd as melancholy.“
Превезот од „библиска“ мистерија се распорува откако семоќниот интернет за неколку секунди ќе ве убеди дека Џорџ, лордот Беркли нема никаква врска со философот Џорџ Беркли.
Или можеби има, во анахроничните лавиринти на „Вавилонската Библиотека“ на Борхес, каде што посветените библиотечни стаорци можат да ги пронајдат сите четириест томови од првото англиско издание на Енциклопедијата на Tlön?
След ноќното талкање низ градината со блогови што се делат, со симптоми - жртва на „синдромот на Вавилонската Библиотека“, најпосле се отштекувам од Вавилонската кула, кликнувам „turn off“ и го земам Борхес в рака.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
8 коментари:
Некој рече мал е светот, блиски допирите... јас вечерва се докопав дома со копија од Анатомија на Меланхолијата која си ја купив пред едно 2 саати и ја наредив поред кревет, а ти овде ми отвараш еден мал милион други загатки, и као ги решаваш. Абе неам време луѓе ... :)
Него реков да ја споделам коинциденцијата.
лесно читање
Чудни се патиштата во градината со блогови што се делат :)
И фала за споделувањето...
vo 'razgovor so spinoza' mnogu ja spomenuvaat knigava...which is sort of a put off,to be honest...
хејзл да престанеш ти да си читаш домачи : )) пошо психата ќе ти се поремети
+етна ти црта една куроина у облаци. свет кур+
е
после разговорите со гоце желбата моја за разговорите со спинози... го снема...
сакам да кажам: ај погодете коа ја прочтав ова меланхолијата...
Excellent, love it! »
Looking for information and found it at this great site... » »
Во меѓународното договорно
право е познато дека договори
склучени кршејќи ги основните
jus cogens правила немаат правно
дејство во дел од договорот во кој се
крши jus cogens норма. Во меѓу на-
родното договорно право постои оп-
ција договорот да важи, а пар цијално
да не важи обврска или обврските
спротивни на jus cogens.
Името, како правен идентитет на
меѓународно-правен субјект, како што
е државата, е есенцијален дел од неј-
зиниот субјективитет и оттаму не може
да биде предмет на одземање, на-
метнување и/или преговарање (jus
cogens). Од друга страна, името како
такво не имплицира правни по сле-
дици (на пример, право на нечии те-
ритории). Натаму, треба да се има
пред вид и дека со амандманите во-
ведени во својот Устав, Македонија
експлицитно се оградува од такви
интерпретации. Ова се базични ар-
гументи кои му ја одземаат правната
сила на грчкиот аргумент дека името
Македонија имплицира "терито ри-
јални претензии". Името на една др-
жава по себе не имплицира или не
влијае на територијалните права и
обврски на таа држава, како и на
другите држави. Овој аргумент се
однесува и кон другите права и об-
врски на државите (културни, исто-
риски и слично).
Во меѓународното договорно
право е познато дека договори
склучени кршејќи ги основните
jus cogens правила немаат правно
дејство во дел од договорот во кој се
крши jus cogens норма. Во меѓу на-
родното договорно право постои оп-
ција договорот да важи, а пар цијално
да не важи обврска или обврските
спротивни на jus cogens.
Името, како правен идентитет на
меѓународно-правен субјект, како што
е државата, е есенцијален дел од неј-
зиниот субјективитет и оттаму не може
да биде предмет на одземање, на-
метнување и/или преговарање (jus
cogens). Од друга страна, името како
такво не имплицира правни по сле-
дици (на пример, право на нечии те-
ритории). Натаму, треба да се има
пред вид и дека со амандманите во-
ведени во својот Устав, Македонија
експлицитно се оградува од такви
интерпретации. Ова се базични ар-
гументи кои му ја одземаат правната
сила на грчкиот аргумент дека името
Македонија имплицира "терито ри-
јални претензии". Името на една др-
жава по себе не имплицира или не
влијае на територијалните права и
обврски на таа држава, како и на
другите држави. Овој аргумент се
однесува и кон другите права и об-
врски на државите (културни, исто-
риски и слично).
Објави коментар