Охрид има три работи што на Скопје му фалат како на риба вода:
1. Место-смирение како Канео.
2. Чист воздух што лоши мисли ветрее.
3. Бурек во 3 по полноќ
Има да гласам за онаа партија која ќе гарантира тазе бурек во Скопје во 3 по полноќ!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
9 коментари:
Само 3? Како скромен Охриѓанец си сеа :) Како бе нема бурек? А тост? У карпош 4 на времето имаше добар тост во 4-5-6 сабајле:)
Како горда полуохриѓанка тврдам: не се 3, триста се!! :) А знаеш, има еден виц шо и самине охриѓани си го кажвет ... завршува со :„Да видиш шо луѓе ќе клам!“
Мене ич не ми е смешен!
кој сака НМП! буклетче?
Макондо, сигурно има повеќе од 3, ама ај да праиме малку приоритети, вака пред избори :)
Калина, на времето имаше многу, многу бурекџилници низ Скопје што работеа ноќе. Сега нема ни за лек.
Некои „ајварџии“ ги заебаа бурекџиите.
Определувањето на работното време на локалите е, во моментов, исклучиво во надлежност на локалната самоуправа ...
Чисто процедурална и техничка забелешка ...
:-)
Eto Zarko, slusaj fini proceduralni tehnicki, umni zabeleski od Bocevski i pamet u glaa. Da si ides nadolu nakaj Istok, pa da vidish ne burek, vrel leb u 5 sabajle od furna, so pasteta od mesna zaednica, u sred kafic na sank - glumis lud "amerikanec" ko ke ti naleta cicko policaj i ke ti rece deka lokalnite zakoni velat deka ti vo 5 sabajle nemash pravo na hrana, ti mu velis excuse me ja iz amerike, nostalgija me siba... i posle tvojot drag brat/sestra/druska/drugar do tebe go tera u dve lepe zatoa shto zaedno porasnale... drazot na edno selo bre - a vie gradski mi izigravate, epa nema burek :)))
Забелешката на Ивица Б. е сосем на место. Ако пратениците немаат надлежности да гарантираат тазе бурек во Скопје во 3 по полноќ - тогаш, логично, нема да гласам за никоја партија, без оглед на тоа колку тазе полноќен бурек во Скопје ќе гарантира!
Само, бурекот беше метафора :)
Кај нас во Охрид нишчо немат мамено. Бурек 24 сати, ногу љубам да јадам. Доѓите нам и прошле године. :-)
Инаку, оваа одлука (да не се продава храна по полноќ) во Скопје ја донесе градскиот совет во октомври 2005 година. Линкот до веста во Време веќе не е валиден, но барем на Багра со коментари се одбележа овој свечен чин, многу значаен за пацифизирањето на градот по полноќ: Трајко Славевски и јадење бурек.
Ебати го градот каде што бурек ноќе може да се јаде само на телевизија! И тоа ужасно лош бурек.
Објави коментар