Македонското судство е повторно на тапет откако Европскиот суд за човекови права утврди дека има повреда на чл. 6.1 (правото на фер судење во разумен рок) од Европската конвенција за човекови права во случајот MILOŠEVIĆ v. THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA:"The Court notes that the proceedings have already lasted more than twelve years, including nearly eight years and ten months since ratification of the Convention by the former Yugoslav Republic of Macedonia."
Иако тужителот Милошевиќ доби како отштета бедни 2,000 Евра за 12-годишното малтретирање по македонските судови (дал поради неподнесување сметки за сторените трошоци, дал поради несреќното презиме) пресудата претставува вистински шамар за Република Македонија и за нејзините амбиции за отпочнување преговори за членство во ЕУ.
"...the Court observes that it took about five years for the Skopje Court of First Instance to decide the applicant’s claim after the Supreme Court had referred it back for re-examination in September 2000. The Court therefore considers that responsibility for the protracted length of the proceedings falls on the domestic authorities."
Со вакви и слични пресуди против Република Македонија, почетокот на преговорите со ЕУ останува пуста желба („wishful thinking“) за нашите непоправливи политички оптимисти.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
1 коментари:
Enjoyed a lot!
»
Објави коментар