"For the flaneur, a transformation takes place with respect to the street: it leads him through a vanished time. He strolls down the street; every street is precipitous... Boredom is a warm gray fabric lined on the inside with the most lustrous of silks. In this fabric we wrap ourselves when we dream... Flanerie is the rhythmics of this slumber." - Walter Benjamin
Денов беше преубав за шпартање низ Скопје - или Ушкуп ќе да беше? Предизвик за опсесивни фланеуристи и луцидни дневни сонувачи.
Без сомнение, вистинската авантура започнува дури отако ќе го поминеш Камениот мост. „Галерија 7“ - „оаза на мирот“ - турското чајче ти праи флешови и фатаморгани, па патуваш низ времето во друга држава, кога Скопиеполис беше неподелен град со жива чаршија и надежна SF-клуб сцена.
По носталгичниот муабет за скопскиот underground, и приказните како се родила групата „Зеро“, како Љупчо Г. не освоил награда на отвореното поетското читање, и како на простор од неколку маси се тискале и уметници, и философи, писатели, локални легенди (Не-џо, Еко, Иљас...), SF-фанови, шричинмоисти, саибабисти, тајчичуанци, идни премиери, министри, владици, „расколници“, разноразни религиозни и уметнички „гуруа“ - следната станица е Чифте-Амам: на муабет со сопственото ехо.
На поминување, ќебапчилницата „Сараево“ не инфицира со „Сараевски приказни“ - Сарајевске приче, јефтино ба!. По сараевските реминисценции, тргнуваме накај Гази Бејб без надеж дека ќе го лоцираме местото каде што божем е закопана последната босанска кралица. Центрифугалните сили не вовлекуваат кон Султан Муратовата џамија - најстарата зачувана во Скопје. Една осамена бандера штрчи сред скалилата што водат кон џамијата и отвореното небо. Пред влезот на џамијата мал, но просветлувачки муабет - дијалог меѓу цивилизации - со локален верник: Едно сонце не грее!
Погледни кон врвот на саат кулата и добиваш беспрекорен увид во сопствената малечкост. Пред влезот во џамијата поздрав: Gazuar Bajrami! Покрај чешмичката знак за забрането пушење кој завршува со потсетување на величината на Алах.
Покрај заслепувачките бои на залезот и успокојувачката тишина, ми пролетуваат неколку подзаборавени мисли: Дали Скопје го загуби чувството за време откако мистериозно исчезна фамозниот саат на кулата? Некои велат, саатот бил однесен на поправка по земјотресот и оттогаш никој не знае каде е. Не се сеќавам кај сум ја чул оваа приказна, ама други веруваат дека турскиот плен од градот Сигет (Унгарија) си бил повратен од страна на неговите поранешни сопственици. Кој ќе да го знае?
Одзади џамијата е едно од најтесните патчиња кое покрај древните ќерамиди надолно води кон оградата од четирите факултети. Тука е крајот на Гази Баба, тука е границата на цивилизациите. Границата/оградата, споена со био-хибридните остатоци од старата турска бања, ја прекачуваат само некои маалски мангупчиња за да се радуваат на расцутената пролет во дворот на „Универзитетот“. Граѓаните од безимената улица бр. ??? со години водат судски спор заради отсекување на патот со кој за стотина метри се стигнува до семафорите пред Универзитетската библиотека. Солидарни со мештаните, не ја прескокнуваме оградата, и повторно лунѕаме низ лавиринтите од Гази Бејб за да го пронајдеме подолгиот пат кон центарот на „градот на солидарноста“.
Откако ќе го поминеш Аксиос, градот станува почист, поуреден, поосветлен, попоплочен, пожив. Или, тоа е некој друг град, град со „огнен“ крст над планината која на залез морбидно заличува на огромна гробница, скраја да е!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
prekrasno... denot sam po sebe beše inspiracija, megjutoa ovoj patepis
prosto budi nesopirliv... impuls... za ušte eden blogopis... pa we will compare notes;)
što se bi dala da mu ja daeme rutata na kolja posle i toj da pridonese: )))
kolja: CAR SI!!!!: )))))) ozbilno!!!
tuku... navistina... taman koga kje pomisliš deka ne može da bide podobro.. žare kje napravi vakov gest!!! izgleda ne e, ama epten lično go sfativ;) bez distanca:)uživav:) ba...;) mersi...
i ušte nešto
toa za kralicata katarina stvarno e
mi kažaa u beiHa deka e u skopje, i posle proveriv i poprecizno go locirav mestoto: gazi bejb...
valjda znaeš deka axios e "sposoben"
Проверив за последната босанска кралица, закопана е во Рим :)
Нејсе, урбаните митови се фланеуристички предизвик, а времето е убаво за шетање, дури и во Охрид...
Објави коментар