Постарите основношколци од „Лептокарија“ фино се досетиле како да се забавуваат навечер. Наместо „гребење“ за билијард, дремење по локалните видео/интернет клубови, и кибицирање во спортските обложувалници, на некој „паметњакович“ му проработел „кликерот“. Си зело детето универзално „даљинско“ од дома, и преку стакло успеало да вклучи еден од плазма-екраните зад излозите на затворените продавници за техничка стока. Канали колку сакаш!
Народ со ваква „хакерска“ младина не треба да се плаши за својата иднина.
(Ако син ми се мајтапи со мене, и ја се мајтапам со вас.)
„Ју Ту“ (U2), Ед Ширан и Тарас Тополиа објавија песна посветена на
украинските бранители
-
[image: Кадар од спотот на „Ју ту“ - „Вечно твој/а“]
Ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) и украинскиот режисер Иља Михајлус објавија краток
документарен фил...
Пред 20 часа
1 коментари:
Супер за сликата - што со звукот?
Се имаат обидено екранот "два на два" метра што беше на зградата карши собранието да го наштелуваат?
Тоа би било нешто.
Објави коментар