Македонската „Ел-Масријада“ продолжува. Според министерот Љубомир Михајловски, „Ел Масри, откако влегол во Македонија, бил сместен како турист во хотелот „Скопски мерак“ и по три недели подоцна излегол на граничниот премин Блаце“.
Е, сега, останува неодговорено прашањето „од каде доаѓа печатот од скопскиот аеродром кој датира од 23 јануари 2004-та“ (поставено од Волфганг Красл Дефлер, член на комисијата на европскиот Парламент) (А1).
И како Ел-Масри се нашол во "Guantánamo Bay Express", како што популарно се нарекувал Боингот N4476S со кој Ел-Масри бил префрлен во Авганистан?
Што ќе испадне на крај - „Ако МВР лаже, печат не лаже?“
Еве што вели Макфакс:
“Нема индикации дека странски разузнувачки агенти, односно ЦИА, биле вклучени во овој случај“, изјави Михајловски, по средбата со делегацијата на Европскиот парламент (ЕП), што вчера пристигна во Македонија да го истражува случајот. (...)
„Шпекулација е тоа дека Ел-Масри ја напуштил Македонија со авион“, рече денеска Михајловски.
Ако навистина имаат докази дека спорниот Боинг бил на Скопскиот аеродром на 23 јануари, тогаш секако има индикации за вклученост на странски разузнувачки агенти.
Ако Ел-Масри има печат од Скопскиот аеродром, тогаш или не е шпекулација дека тој ја напуштил Македонија со авион, или Ел-Масри треба да го обвиниме за фалсификување на државен печат!
Дајте луѓе, отворете барем истрага за случајов, да не се брукаме сите комплет пред светот!
(Повеќе за случајов во постовите: Има ли истрага за случајот „Ел-Масри“?, Ел Масри нè срами!, Нов автогол во „Премиер“ лигата!, Кредибилитет.)
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Мали дополнувања кои даваат извесни појаснувања за позицијата на македонските државни претставници:
„Нема докази дека тој авион и припаѓа на ЦИА, а тие што го тврдат тоа нека го докажат - додаде Михајловски.“ (...)
„На прашање на „Време“ како се нашол печатот на полицијата од скопскиот аеродром на пасошот на Масри, министерот рече:
- Тоа не е точно, тоа е шпекулација, тој ја напуштил Македонија од Блаце. Ако адвокатот на Масри има таков доказ, треба да ни го покаже, ние не сме го виделе“. („Време“, 29 април, 2006)
„Утрински весник“ парафразира изјава на Клаудио Фава: „Тој вели дека постои контрадикторност и околу тоа како Масри ја напуштил земјава, бидејќи македонскиот одговор бил дека го сторил тоа преку Блаце, а истрагата на Европскиот парламент покажала дека тој ден авион на ЦИА слетал во Скопје“. (29 април, 2006)
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. »
Enjoyed a lot! ferrari22 250 pop up blocker downloads Dcc model railroading Phoenix digital lcd monitor headrest Bm10l69 mini lexus style Mcafee virus scan 2005 251 Chubs + hardcore Replacing concrete driveway atlanta ga affiliate finance guide investment program tadalafil bargain medicine Crops of latin countries adderall snorted xr Free anti virus scan search 401 k irs rules Free yahoo anti virus Medical malpractice laws definition
Објави коментар