„Знаејќи го нашиот менталитет и табиет, јас тврдам дека на 31-ви во 16 часот сите цариници, како и сите други или се половината покрај малите екрани и ги гледаат предновогодишните емисии, или се подготвуваат за прослава на ноќта која следи, така што многу работи останаа нејасни“, изјави Владо Бучковски, премиер, според А1.
Еве, да претпоставиме дури и да е погрешна тезата дека Ел Масри може да и наштети на македонската евроинтеграција (како што наивно смета Премиерот). Но, изјавата со која Премиерот сака да ја депласира оваа теза (која се заканува да го уништи главниот предизборен адут на СДСМ - кандидатурата за ЕУ), не е само „во полза на сопствената штета“ за СДСМ, туку и за нашата условена кандидатура за ЕУ. Имено, можеме ли да се надеваме за влез во ЕУ со таков „менталитет и табиет“ на нашите цариници и „сите други“ државни службеници? Можеме ли да се надеваме за влез во ЕУ со премиер кој се однесува како залутан „турист“ во Стразбур кој тврдоглаво се оглушува на „предупредување од претседателот на Парламентот на Советот на Европа - Ел Масри како услови за влез во Унијата“ (повеќе).
„Европа не трпи дамки околу човековите права“ - вели А1. До кога ние ќе трпиме вакви политичари?
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
3 коментари:
УФ! Фрлил бумеранг изјава Бучко, а не е свесен за повратниот удар! :)
Премиерот има обврска да се грижи сите институции да функционираат професионално и одговорно. Ако тој самиот ја потценува професионалноста на службите кои се под надлежност на владата (директно или индиректно)како може другите да ја почитуваат?! И, чија е одговорноста? Ако институциите на системот не функционираат , тогаш тој како премиер на тој систем е најповикан да си даде оставка. Рибата смрди од главата, велат.
Освен тоа, не станува збор за легални, институционални патишта и процедури, па да се обвинат службите за немарност. Не минат на граничен премин тие...
Само што го читав текстот на Мерсел Биљали „Ел Масри, та Ел Масри...“ во кој сега топката се префрла на македонските новинари кои демек си лечат фрустрации со тоа што го непотребно го актуелизираат случајот работејќи „Во полза на сопствената штета“.
Ја го мислам токму обратното - Бучковски работи не само во полза на сопствената штета, туку и во полза на нашата штета, со тоа што се обидува да го „заташка“ и минимализира случајот.
Одговорите на Бучковски можеа да бидат многу подипломатски:
На пример: „Република Македонија ќе поведе истрага во однос на прекршување на правата од ЕКЧП на нејзина територија, и покрај тоа што Ел Масри нема досега поведено судска постапка против Република Македонија за прекршување на неговите права“.
Вперувањето на прстот кон новинарите како дежурни виновници е лоша Пи-Ар стратегија и проѕирно „ишкање на мувата од капата“.
I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! » » »
Објави коментар