И израелските кабалисти се приклучуваат во „војната против птичјиот грип“:
„Ширењето на птичјиот грип во Израел е божја казна поради барањето на левичарските партии пред изборите во земјата да се легализираат хомосексуалните бракови, тврди Дејвид Басри, рабин од Израел и истакнат проповедник на Кабалата“ (HELLO, 2, стр. 6)
Не можам да разберам: Бог ги љуби „грешните“ или Бог ги казнува „грешните“?
Не сум го читал „Кодот на да Винчи“, ама се чудам зошто овдешните христијани не излезат пред издавачките куќи да протестираат против објавувањето бласфемични книги во кои се сугерира дека Марија Магдалена била „светата невеста на Христа“.
Најпосле, нека се расчисти веќе еднаш: била или не била Марија Магдалена сексуална работничка? Дали Марија Магдалена е исто толку божествена колку и Дева Марија? И колку ангели можат да застанат на врвот на една игла?
Се додека религијата дејствува како опиум за народот, опиумот нема да стане народна религија.
„Ју Ту“ (U2), Ед Ширан и Тарас Тополиа објавија песна посветена на
украинските бранители
-
[image: Кадар од спотот на „Ју ту“ - „Вечно твој/а“]
Ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) и украинскиот режисер Иља Михајлус објавија краток
документарен фил...
Пред 20 часа
0 коментари:
Објави коментар