Знамето еднаш го шитнавме, за името уште се пазариме, грбот ич не си го есапиме.
Химната ја изведуваме само на спортски натпревари.
Кога ќе се потсетам само дека пред пет години луѓето од мака пееја:
„Денес над Македонија се гаѓа...“
Ме задума малце текстот на химната: „Македонците се борат за своите правдини!...“
Спомнати се: „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“
Питу Гули - Македонец?
Македонската Википедија укажува: „Современиците се согласни во тврдењето дека Питу Гули се родил во Крушево и дека бил од влашко, ароманско потекло.“
Дали тоа значи дека во текстот на нашата химна зборот „Македонци“ се употребува во не-етничка смисла?
Секоја чест ако е така, но тогаш текстот на химната не одговара на нашата пост-рамковна етно-националистичка реалност.
Ако пак не е така, дали е тогаш фер да се споменуваат само етничките „Македонци“, а не и другите конститутивни етникуми спомнати во преамбулата на Уставот?
Исто така, дали е фер што воопшто не се споменува ниту една жена?
И кој го „помакедончи“ Питу Гули?
13 коментари:
Го имаш читано крушевскиот манифест со кој се повикува на востание?
Во него се вели:
„...без разлика на вера, народност, пол и убежденија...“
На почетокот сите беа едно и се бореа за едно. За еднакви можности. На поле за културен натпревар помеѓу народите. За самостојна држава. За Македонија. :)
Е, потоа дојдоа некои „Борци за човекови права“, им ја зедоа топката и поставија нови правила на играта ;)
Го имаш читано ова известување од главниот штаб потпишано од Дамјан Груев, Борис Сарафов и др.:
„Glavniot {tab na Makedono-odrinskiot revolucioneren komitet ima ~est da ja izvesti
po~ituvanata direkcija na Orientalnte `eleznici deka ovie denovi re{i da po~ne so
vostanieto vo imeto na slobodata na hristijanskoto naselenie vo Makedonija i vo odrinskiot
vilaet, protiv turskiot re`im, koj od pet stoletija navamu ne samo {to ne gi priznava
najosnovnite ~ove~ki prava, tuki ne poka`al i ne dava ni najmala garancija za `ivotot,
sre}ata i ~esta na hristijanskoto naselenie, koe sledstvie na ovoj re`im, dojde do poslednata
krajnost, poradi koe e prinudeno da mu objavi borba na svojot krven neprijatel so povikot -
"sloboda ili smrt"!“
„Izve{tai od 1903-1904 godina na
avstriskite pretstavnici vo Makedonija.
Redakcija: Dan~o Zografski. Skopje 1955“
Го прочитав во „Политичка мисла“ бр. 2, јуни 2003, во текстот на Вера Весковиќ - Вангели, „Илинденска парадигма 1903 - европски контекст за човековите права“.
Извини, уште нешто.
Да се потсетиме на преамбулата од 1991:
„Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија...“
Македонскиот народ во оваа преамбула не се сфаќа како демос, туку како етнос.
Ако Главниот штаб на „Илинденците“ не се обраќал на народот во смисла на етнос, туку на демос - на сите „...без разлика на вера, народност, пол и убежденија...“ - тогаш традицијата на Крушевската република е изневерена уште во преамбулата на Уставот од 1991!!!
Тогаш текстот на химната со право го вбројува Питу Гули во Македонците, независно од неговата „народност“ - Влав.
Ако е така, тогаш да не ја менуваме химната, туку ај да го смениме Уставот за да го усогласиме со химната. :)
„...Ако е така, тогаш да не ја менуваме химната, туку ај да го смениме Уставот за да го усогласиме со химната. :) ...“
Практиката покажува дека најлесно е да се промени уставот. Химната си е сосем во ред - јасно си кажува дека сите кои живеат на територијата на Македонија, без оглед на вера, народ, пол и убедувања ...се Македонци. Дека државноста е пред етносот. Шо за мене е сосем логично и прифатливо.
А за известувањето потпишано од Даме Груев....тоа била почетната идеа - обединување на потчинетите (македонци)по основ на вера, за заштита од агресорот (Турците). Тоа им била највоочлива разлика. Меѓутоа, покасно утврдиле дека не е до верата, туку до човечноста и условите за живот на сите заедно, па го креирале Крушевскиот Манифест ;)
И...јас си ја сакам химната :)
Не давам да ја менуваат, бре!
Да не ја менуваме, ама да ги убациме и Ибе Паликуќа и Сирма Војвода, важи? :)
Кога веќе заговараш дека треба да се застапат сите..
Ами кај се -
Скендербег,
Никола Карев,
Страшо Пинџур,
Димката Ангелов Габерот,
Вера Циривири Трена,
Рада Поцева,
Шакир војвода,
Тодор Александров,
Солунските атентатори,
Петар Поп Арсов,
........
па да продолжиме со културните дејци -
Браќата Миладиновци,
Крсте Петков Мисирков,
Кирил и Методиј,
М.К. Цепенков,
Коста Солев Рацин,
...........
или, да тргнеме по корените -
Самуил,
Александар Македонски
................
итн...итн...итн...
Неможе така, Жаре. Не ја чепкај химната, оти ако се почне - ќе се најдат еден куп „интересенти“ за „пропорционална застапеност“.
Коа почнува процесот на „пропорционално“ делење у име на „унитарно“ обединување -
се делиме како атомско јадро....неповратно...до експлозија и целосно уништување.....
А што мислиш за идејата да не се чепка во текстот, туку една строфа да се препее на Албански јазик? :)
ја со еден другар албанец имав у план панк верзија на химната, со строфи на македонски, албански, влашки.. :)
иначе, мој фаворит за оваа недела е постов :)
Под итно да си го остварите брилијантниот план.
И зошто само панк верзија?
Зошто не и хип-хоп? (гангстерскиот стил баш ќе одговара на степенот на политичка култура).
Зошто не и турбо-фолк верзија? (да се врти малку и по кафани :)
Мореееее...
Се запна ти за менување на химната.
Ко во оној вицот:
-Тато, замисли дека си у планина.
-Замислувам.
-Сеа замисли дека пред тебе излегува огромна мечка. Што ќе сториш?
-Ќе ја застрелам.
-А ако немаш пушка?
-Ќе ја прободам со нож.
-Ама, ако немаш и нож?
-Ќе побегнам.
-Ако таа тргне по тебе и е побрза?
-Ќе се качам на дрво.
-Ами, ако се каче и таа по тебе на дрвото?
-Пичка ти матер, за кого навиваш ти? За мене или за мечката?!
:)
А уствари...зош да иаме сал една химна? Ќе си снимиме цело цеде со 20 компилации ;)
На сите јазици, во сите верзии, во секој музички правец. Па коа ќе треба да се изведува, нека се пуштат сите по ред. Ако биде, нека биде! :)
п.с. ја сум за рок верзија и уште една баладична верзија, онака за душа ;)
„...ја сум за рок верзија и уште една баладична верзија, онака за душа ;)“
Може рок верзија, само да не е во Guns&Roses стил :)
Ne spavaj mala moja muzika dok svira
ovaj ludi ritam nikom neda mira....
:)
Prvo, himnata e sosema vo red, a vo vrska so Pitu Guli, bez razlika na negovoto etnicko poteklo toj e makedonski heroj. Se borel za interesite na ovaa drzava i zatoa negovoto ime se spomnuva vo himnata, kako i na drugite, kako najznacajni figuri vo makedonskata nacionalna istorija. Osven toa, ne e li dovolno toa sto Manifestot gi povikuva SITE na borba protiv okupatorot?!
Објави коментар