Јадно и бедно

10/03/2006

Понекогаш, бројките создаваат главоболки:

„Според извештајот во 21 век, во земјата која е кандидат за влез во Европската Унија дури 11% од домовите на граѓани немаат пристап до вода, 36% се без канализација, а 15% немаат купатило.“ (Повеќе од 240.000 граѓани на Македонија живеат сиромашно)

А да почневме од почеток, за да не го допреме дното?

Да почнеме со водовод и канализација, со асфалтирање патишта (и крпење дупки), со „општонародни“ курсеви за ИТ писменост?

А за нашата сиромаштија од знаење - што да се каже?

Спомна некој библиотеки? (Најновата „Библиотека“ е продавница за алкохол)

НУБ зјае празна - малку книги, уште помалку читатели.

Кој ни е крив што нашиот „премиер“, наместо да чита лектири, кидал од часови? (Писмо на непозната адреса)

Берете памет - очигледно, читањето книги не се исплати.

Тренирајте бокс и одење со крупни чекори.

3 коментари:

Анонимен рече...

Фала Жарко што ми ја посочи убедливо најлошата вест која призлегла од известувањето за медиумите кое вчера циркулираше низ медиумите во име на организацијата за која работам.

Уште еднаш со тапија се потврдува дека навидум јадобрата телевизија во мк е најголем дебакл

Анонимен рече...

да појаснам. податоците се точни но се останато е изместено.

еве тука најдете ја приказната малку посредена
idividi

mtv

GoodBytes рече...

Не сум во тек со муабетов, ама ко шо разбрав набрзинка, Никола рекол дека не го читал Петре. Нормално, лошо...

Ама една друга работа во написот од Утрински е полоша: тој Ѕвездан зема еден единствен факт (тоа што го рекол Никола претпоставувам) и врз тоа гради цел напис полн со ниски удари. Кажано народски, филм си снимил.

Откако го прочитав целиот напис, па и уште кога видов дека толку многу уличарски муабет е напишан врз база на само еден факт, се почуствував поглуп за нијанса. Сметам дека ваквите написи по весници го спуштаат квалитетот на колумнистичкиот материјал и ме потсетуваат зошто одамна престанав да читам наши дневни весници.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week